Кафе експерт (м/ж)

За компанијата: Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци. повеќе за компанијата »

КАФЕ ЕКСПЕРТ м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

 

ШТО НУДИМЕ?

  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Флексибилност во организирање на работното време
  • 24/7 осигурување од незгода

 

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одржување обуки за тимот на Кафе амбасадори, со фокус на градење експертиза во областа на кафе преку програмата за сертификација на Specialty Coffee Association;
  • Месечни подготвителни сесии во Тренинг Центарот за кафе
  • Одржување на обуки за баристи, главни партнери и вработени во ХоРеКа на тема методи на правење кафе, дегустација и однос кон купувачи, со цел да се овозможи најдоброто искуство; развој на едукативни програми, работилници и материјали за проширување на знаењата за брендот и кафе културата.
  • Програма за обука за Кафе за ХоРеКа тимот која ќе биде комбинација од класични обуки, дигитални материјали, оценувања и обука преку практична работа од страна на Кафе Амбасадорите
  • Редовни проверки на квалитетот на кафе производите, за да се осигура конзистентност на брендот во различни објекти, собирање на фидбек од купувачите и анализирање на трендовите на пазарот за прилагодување на понудите и одржување на релевантноста во динамичниот пазар на кафе.
  • Поддршка на иницијативи за продажба преку експертиза за премиум позиционирање на пазарот
  • Поддршка при надворешни настани: Учество во различни фестивали со тематски презентации на алтернативни начини на подготовка и миксологија на кафе
  • Поддршка при внатрешни настани: Поставување на катчиња за служење кафе, обука на тим за поддршка и испорачување на највисоки стандарди при внатрешни настани за кафе.
  • Одржување на пробни програми кај главните купувачи за поддршка при регрутација на нови премиум локации.
  • Недела на Кафе: Организирање на внатрешни пробни програми и програми за обука
  • Посета на пазарот: Организирање на посети со кафе амбасадори за да се зајакне односот со најважните објекти.

 

ШТО БАРАМЕ:

  • Претходно искуство како главен бариста или обучувач за кафе
  • Завршено високо образование и течно зборување на Англиски јазик
  • Certified Trainer so SCAE Coffee Diploma или слично е преферирано
  • Одлични презентациски и комуникациски вештини
  • Силна насоченост кон резултати преку брзи и здрави одлуки
  • Способност за работа и вклучување во меѓусекторски функционални проектни групи
  • Амбиција и подготвеност за раст и развој
  • „Купувачот на прво место“ начин на размислување
  • Способности за менаџирање со проекти

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 17.11.2024г.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »