Промовирани огласи »

Maestral Resort & Casino Budva пречекува млади, амбициозни, образовани, искусни луѓе кои сакаат да ја остварат својата кариера во средината  на успешен тим, обезбедува можност за вработување на сите хотелски позиции. 

Во своите капацитети има 5 ресторани, кои служат медитеранска и интернационална кујна со богат избор на светски познати вина. Бројни барови нудат освежителни пијалоци и закуски. Овој хотел има 205 соби распоредени на 7 ката, 24-часовна рецепција, услуга за хемиско чистење/перење, објекти за перење, портир.

Нуди отоворени работни места во угостителски сектор, во рестораните на хотелот, позиции за домаќинство и многу повеќе!

Maestral Resort & Casino Budva Ве поканува на отворен ден за вработување! 

Придружете ни се на следната локација: СКОПЈЕ
Датум: 26 ноември 2021 година од 10 до 16 часот 
Локација: Double Tree by Hilton, Бул. АСНОМ бр.17, 1000, Скопје

Доколку ја препознаете вашата можност, посетете не, понесете го вашето CV со себе или пополнете го на лице место, информирајте се за условите за работа и сите други детали! Исто така можете да ни го испратите вашето CV преку следниов линк ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО БУДВА

Ова е отворен настан за вработување, така што не е потребна покана за да присуствувате - само ве молиме, дојдете на погоре наведената локација во точното време и датум.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

 

 

Промовирани огласи »

Речиси во цела Европа цената на струјата надмина 200 евра за мегават/час, покажуваат податоците на платформата Енерџилајв на вчерашното затворање на европските енергетски берзи. Зделките имаат датум на испорака до денеска.

Најскапа струја денеска има во Грција – 241,3 евра за мегават/час. Потрошувачите во Романија и Унгарија плаќаат 228,79 евра за мегават/час.

Најевтина струја повторно има во Полска – 116,28 евра за мегават час. Следува Шпанија со 180,57 евра за мегават час. Во Португалија енергичната енергија сега се продава за 180,88 евра за мегават/час.

Тоа се единствените земји во Европа каде цената денеска е под 200 евра за мегават/час.

Промовирани огласи »

„Сите што ќе работат во недела ќе добиваат надомест за 50 отсто повисок, освен во моловите, кои што ќе работат само една смена, а вработените, продавачите ќе добиваат 100 отсто повисока дневница“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека, дополнително 2 отсто од годишниот промет од сопствениците во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет.

Дополнително 2 отсто од годишниот промет на сопствениците што работат во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет, од кој ние пак ќе градиме градинки истакна министерката Шахпаска.

Промовирани огласи »

Почнувајќи од денеска па се до 25.11.2021 отворено е онлајн номинирањето во изборот “Жена на годината 2021” во десет посебни категории.
Во номинирањето на кандидатки за победнички по категории може да се вклучат сите посетители на веб сајтот www.zenanagodinata.mk со пополнување на формата која е достапна на следниов ЛИНК.


При самото номинирање, веб посетителите треба да ги земат во предвид следниве критериуми што треба да ги исполнуваат номинираните кандидатки:

  1. Забележале значајни професионални резултати
  2. Реализирале општествено значајни проекти
  3. Препознатливи се како жени со највисоко ниво на деловни и етички стандарди

Фазите во изборот Жена на годината 2021 и предвидената динамика може да се следат на следниов ЛИНК.
Прогласувањето на победничките по категории и овогодинешната Жена на годината, ќе биде во склоп на настанот “200 жени претприемачки” што ќе се оддржи на 15.12.2021 во Скопје. Деталите за локацијата и почетокот на настанот ќе бидат дополнително споделени со јавноста.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »