Промовирани огласи »

„Сите што ќе работат во недела ќе добиваат надомест за 50 отсто повисок, освен во моловите, кои што ќе работат само една смена, а вработените, продавачите ќе добиваат 100 отсто повисока дневница“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека, дополнително 2 отсто од годишниот промет од сопствениците во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет.

Дополнително 2 отсто од годишниот промет на сопствениците што работат во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет, од кој ние пак ќе градиме градинки истакна министерката Шахпаска.

Промовирани огласи »

Почнувајќи од денеска па се до 25.11.2021 отворено е онлајн номинирањето во изборот “Жена на годината 2021” во десет посебни категории.
Во номинирањето на кандидатки за победнички по категории може да се вклучат сите посетители на веб сајтот www.zenanagodinata.mk со пополнување на формата која е достапна на следниов ЛИНК.


При самото номинирање, веб посетителите треба да ги земат во предвид следниве критериуми што треба да ги исполнуваат номинираните кандидатки:

  1. Забележале значајни професионални резултати
  2. Реализирале општествено значајни проекти
  3. Препознатливи се како жени со највисоко ниво на деловни и етички стандарди

Фазите во изборот Жена на годината 2021 и предвидената динамика може да се следат на следниов ЛИНК.
Прогласувањето на победничките по категории и овогодинешната Жена на годината, ќе биде во склоп на настанот “200 жени претприемачки” што ќе се оддржи на 15.12.2021 во Скопје. Деталите за локацијата и почетокот на настанот ќе бидат дополнително споделени со јавноста.

Промовирани огласи »

По деветте титули светски првак, 115-те победи на трките и 432 гранпри-старта, Италијанецот Валентино Роси (42), еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, најдобриот во неговата генерација, на вчерашната трка за големата награда (ГН) на Валенсија ѝ стави крај на блескавата кариера, пишува „Би-би-си“. Во минатите 26 години, Роси, познат и под прекарот Доктор, стана глобален феномен, надминувајќи го самиот спорт, добивајќи култен статус кај љубителите на мотоспортот низ светот.
– Тој го промени спортот и го донесе на места каде што никогаш порано не бил. Без сомнение, никогаш немало некој како Валентино Роси во 73-те години гранпри-трки – вели коментаторот на Мото ГП-трките, Ник Харис.

За многумина, Роси е еден од великаните на тркачкиот спорт, во друштво на Михаел Шумахер, Аиртон Сена, Џакомо Агостини, Мајк Хеилвуд и Мик Дуан.

Промовирани огласи »

Од 15 но­ем­ври за­дол­жи­тел­но е по­се­ду­ва­ње­то зим­ска оп­ре­ма во ав­то­мо­би­ли­те, пра­ви­ло што ќе мо­ра да се при­ме­ну­ва до 15 март, без раз­ли­ка да­ли над­во­реш­на­та тем­пе­ра­ту­ра е под или над ну­ла­та, да­ли има снег или не, а ако ја не­ма­те, следува казна.
 


Во овој дел од го­ди­на­та стан­дар­дна оп­ре­ма во ав­то­мо­би­ли­те тре­ба да ви би­де гре­бал­ка за мраз, зим­ски гу­ми или син­џи­ри, ма­ла мет­лич­ка. Но не за­бо­ра­вај­те да про­ве­ри­те да­ли има­те ста­ве­но ан­тиф­риз во во­зи­ло­то, про­ве­ре­те ги ни­во­то на мас­ло, аку­му­ла­то­рот, ис­прс­кај­те во бра­ви­те за от­во­ра­ње мал­ку спреј за одвртување WD или на­мок­ре­те ги клу­че­ви­те мал­ку во ан­тиф­риз, па ста­ве­те ги внат­ре. Та­ка ќе се ос­ло­бо­ди­те од гри­жи­те за мож­но за­мрз­ну­ва­ње. Се­пак, нај­важ­но е прет­паз­ли­во во­зе­ње заш­то не рет­ко мо­же да би­дат па­тиш­та­та за­мрз­на­ти и лиз­га­ви.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »