Психологијата на боите е еден суптилен, но ефикасен начин да се подобри продуктивноста на вработените во компанијата. Понекогаш еден допир на бои кои не одговараат преку мебел или додатоци во просторот може да влијаат на вашето однесување, па дури и на нивото на стрес.
Тактичката застапеност на бои го менува не само расположението туку и навистина многу ја зголемува продуктивноста.
Инфузијата на бојата и дизајнот не е само надворешна убавина и изглед на просторот, туку исто така е и начин за подобрување на емоциите на работното место.
Еве некои бои кои навистина помагаат за подобра атмосфера на вашето работно место:
Жолта - го поттикнува размислувањето
Соработката на работното место е за да се создаде место кое ќе поттикне тимска работа.
Жолта и портокалова боја се поврзани со креативното размислување и енергија, па додавањето на овие бои во работниот простор, може да се создаде нови искри на инспирација.
Жолтата боја во просторот треба да биде умерена, со цел да се балансира енергичниот микс на просторот. Исто така често се користи и инфузија на жолта со други цитрусови тонови кои го активираат размислувањето на работното место. Меѓутоа, архитектите и дизајнерите сепак сметаат дека не е пожелно овие тонови да се главни бои на ѕидот.
Зелена и сина боја за да се интензивира фокусот во работењето
Палетата на мајката природа често се смета дека има нијанси кои прават мир и смиреност. Универзално, сината се користи како главна боја за ѕидови, како и за детали на бироата, пред се поради својата неутралност.
Секој професионалец дали се работи за сметководител, режисер или доктор се соочува со проблемот на приватност на работното место.
Со оглед на тоа дека скоро сите професии бараат фокусираност и мирна средина побарувачката за овие бои е висока. Нијансите на сина и зелена исто така многу се користат за веб интерфејс, собите за пауза и за големи канцелариски простори.Според експерите сината и зелената боја кои симболизираат живот - вода и зеленило се ефикасна терапија за концентрација.
Кафена - земјени тонови кои креираат стабилност и одлучност
Кафената, симболизира стабилност која е суштината на секоја професионална работа. Дури и во повеќето добро дизајнирани канцеларии може да се случи вработените да се чувствуваат оковани во негативни емоции. Кафената боја создава доверба помешана со цврстина и сигурност.
Бојата која потсетува на чоколадо има трендовски изглед и одговара на природната светлина речиси во секој простор. Поставувањето на шарени вазни или додатоци со необична фигура на кафеавата површината создава атмосфера на вклучување, а со тоа и директно делува врз зголемување на довербата и сигурноста.
Бела - чувство на смиреност и префинетост
Белата е позната боја која им помага на луѓето да останат во мирна состојба. Често се користи во адвокатски канцеларии, тонот на бојата, помага да се смирите во стресна или аргументативна состојба на умот. Кога дискусиите ќе се загреат, многу конференциски соби се уредени токму во бела боја.
Многу компании ја користат оваа боја за својот работен простор меѓутоа експертите велат дека треба да се внимава, работниот простор да не прерасне во монотонија. Токму затоа белата многу често се комбинира со други бои и речиси никогаш не е самостојна во завршниот дизајн.
Еден од наједноставните начини да се подобри продуктивноста на вработените е преку стратешкото користење на боите. Иако боите се насекаде, паметната употреба на боите на работното место може да биде од големо значење во текот на вашиот работен ден.
Сепак, на крајот на денот е важно во каква состојба ќе се вратиме во нашите домови каде не очекуваат нашите најсакани.