НАПРЕДНА КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ НА СЕКОЕ ПОЛЕ
Истражувањата велат дека луѓето кои се успешни во која било сфера од животот, тоа го постигнале во голем дел и со усовршена комуникација.
- Научете и извежбајте ги главните фактори во напредната, влијателна и харизматична комуникација (еден-на-еден, групна динамика, други прилики, било да се од сферата на професионален ангажман, како продажба или менаџирање, или во љубовни врски и пријателства, семејни односи или запознавање нови луѓе)
- Проектирајте самоуверен личен и професионален имиџ
- Научете како вашите идеи да бидат полесно прифаќани, вашата комуникација да има влијание и да предизвика дејство
- Дознајте и затворете ги „слабите точки“ во вашата комуникација, испраќајте попрецизни и појасни пораки
- Научете да ги „читате“ луѓето: Распознајте ги различните типови и состојби на личностите и како да комуницирате со секој од нив
- Ослободете се од стресот што го произведуваат некои „тешки“ ситуации
- Овозможете си повеќе задоволство во работата и поголемо чувство на реализираност на секое поле.
ИНСПИРИТ повторно ја организира уникатната, применлива и моќна обука за комуникација, во којашто, со тројца врвни и искусни тренери и коучеви, имате можност да го добиете следното:
А) да го разбираат целиот процес на комуникација (еден-на-еден, групно)
Б) да ги препознаваат своите внатрешни состојби, шеми/програми на размислување, вредносниот систем што ги мотивира, како и вредностите и програмите на размислување на соговорникот
В) да ги применуваат зборовите и говорот на телото на најсоодветен начин за ефективна комуникација
Г) да ги препознаваат нијансите во реакциите на соговорникот и соодветно на тоа да ја модифицираат својата комуникација, со цел постигнување на своjaта намера и почитување на другата страна
Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.
Секој учесник добива:
- работни материјали,
- сертификат за учество,
- меѓународен личен профил по Personal Strengths, со упатства.
Групата е ограничена на 10 учесници.
Котизација: 5900 ден. + ДДВ
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2
(позади Симпо на ул. Партизанска)
Агенда:
Среда, 07.06.2017 (12:00 – 16:00) – Вовед, клучни фактори и процесот на комуникација
Четврток, 08.06.2017 (12:00 – 18:00) – Улогата на емоциите во комуникацијата
Петок, 09.06.2017 (12:00- 17:00) – Personal Strengths – типови на мотивациски системи
Пријавување на: [email protected], Ана Јорданоска: 070/ 944 179.
Пријавувањето е до 01.06.2017 заради пополнување и обработка на меѓународниот личен профил.
За тренерите:
1. Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths), мастер тренер за комуникација и квалитет на услуга од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн, сертифициран коуч за раст на бизнис и други методологии. Таа е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира нејзината работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока кон раст на бизнисот и на поединецот.
2. Зорица Поповска е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Таа е магистер по менаџмент со човечки ресурси, со огромно искуство во водење тимови и организирање и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа е поддршка на човековиот развој и откривање на скриените потенцијали и извонредноста на индивидуите во брзото комплексно живеење. Нејзиното искуство како менаџер и обучувач во финансискиот и осигурителниот сектор вклучува голем број реализирани обуки од доменот на лични вештини и продажба.
3. Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој еи нженер по Електроника и Телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија.