Промовирани огласи »

Денешното време е многу динамично, ако нашите родители живееле во време на извесна иднина, денес нашата е многу понеизвесна. Секој од настежнее кон обезбедување финансиска сигурност за иднината која претстои, меѓутоа колкава и каква сигурност ќе успееме да обезбедиме зависи од одлуките кои ќе ги донесеме во сегашноста.

За многумина, да се ужива спокојно во староста е многу важна цел и награда за вложениот труд во својата работа. Меѓутоа со константното поместување на старосната граница за пензионирање во европските земји, и кај нас, се повеќе расте желбата да се најдат алтернативни начини за обезбедување на финансиски посигурна иднина. Со други зборови граѓаните изнаоѓаат план Б за финансиски мир, без разлика дали ќе биде штедење или некаков вид на инвестиција.

Со зголемување на финансиската писменост на граѓаните се менуваат и нивните преференци, стануваат пософистицирани и очекуваат прилагодување на барањата и потребите кои ги имаат. Оттаму на пазарот се зголеми бројот на финансиски производи чија задача е да ја намалат неизвесноста и да понудат подобро решение.Сите тие производи на некој начин даваат план Б за обезбедување на посигурна иднина, меѓутоа едно од најдобрите решенија е животното осигурување.

Животното осигурување е производ во кој се вклучени и штедењето и инвестирањето со цел да се минимизира неизвесноста на финансиската иднината. Пониските каматни стапки на штедниот дел од животното осигурување се причина луѓето многу често да се одлучат за класично штедење или пак некоја друга форма на инвестиција. Меѓутоа за разлика од останатите производи за штедење, животното осигурување, гарантира финансиски надомест и исплата на целосната сума за најблиските во случај на немил настан.

Со растот на бројот на заинтересирани граѓаните за полиса со повисок принос се појави животната полиса Лајф Инвест од Винер Лајф како иновативен производ наменет токму за пресретнување на нивните барања. Производот,на клиентите, освен животно осигурување нуди и можност за највисок принос по истекот на договорот. Премијата која ја уплаќаат клиентите се инвестира во акции од реномирани светски компании преку инвестициски фонд на ВФП фонд менаџмент. Со средствата управуваат професионални портфолио менаџери кои со цел да го намалат ризикот, вложувањата ги дисперзираат во поголем број компании со различни дејности и од различни региони со што се намалува ризикот повеќе компании истовремено да имаат потешкотии во работењето. Сепак да не заборавиме дека секој ден влегуваме во некој ризик со исплатлив завршеток, па зошто тоа да не биде инвестирање во својот живот и во акции.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија потсети дека до крајот на годината во приватниот сектор треба да се исплати регресот за годишен одмор односно К-15. Од Синдикатот истакнуваат дека регресот за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во годината кај ист работодавач. 

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година. 

Од ССМ потсетуваат дека со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се исплати регрес за годишен одмор поголем од утврдениот со Општиот колективен договор, додека оние фирми кои имаат потешкотии во работењето во консултација со синдикатот на ниво на гранка може да утврдат исплата на К-15 во помал износ. 

Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор со која се овозможи исплата на К-15 беше потпишана во 2013 година од страна на ССМ и Организацијата на работодавачи. 

Промовирани огласи »

Творецот на апликацијата Snapchat Ивaн Шпигел веќе не е најмладиот милијардер во светот (кој сам го создал своето богатство, а не наследил). Рангирањето веќе се предводи од креаторот на Stripe Џон Колисон.

Џон ја создава апликацијата за мобилни плаќања заедно со својот брат Патрик. Во моментов Stripe се проценува на 9,2 милијарди долари – речиси двојно повеќе од јули 2015 година, кога компанијата е проценета на 5 милијарди долари.

Како резултат на тоа богатство на двајцата браќа од ирско потекло е оценето на 1,1 милијарди долари. Така 26-годишниот Џон Колисон станува најмладиот милијардер во светот. Џон е само 2 месеци помлад од Коосновачот на Snapchat и извршен директор на компанијата Иван Шпигел.

Поголемиот брат Патрик Колисон има 28 години.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »