Промовирани огласи »

Од 1-ви декември (среда) се забранува употребата на пластични ќеси во Македонија. Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари.

Со ова треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Промовирани огласи »

Челниците на Формула 1 ја продолжија соработката со првите луѓе на патеката во Каталонија која сега според планот ќе се вози до 2026 година.

Патеката која за првпат беше користена во Формула 1 во 1991 година, кога беше изградена пред Олимписките игри и следната година останува во календарот на Формула 1.

Оваа година Луис Хамилтон дојде до победата на оваа патека, а следната трка во Каталонија е закажана за 22 мај 2022 година.

Промовирани огласи »

По добиеното известување од ЕВН, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

На ден 29.11.2021 година (понеделник): од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Градовци.Oпштина Зелениково).

Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Количани, ( делот кон гробиштата ).(Oпштина Студеничани )

На ден 30.11.2021 година (вторник): од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селата: Миладиновци, Текија и Дељадровци. (Општина Илинден ).

Промовирани огласи »

Швајцарија во саботата ги прошири барањата за карантин за да го спречи ширењето на новата варијанта на коронавирус Омикрон кај патниците кои пристигнуваат од Британија, Чешката Република, Холандија, Египет и Малави, каде што се откриени случаи, соопшти нејзиното Министерство за здравство.

Во петокот, Швајцарија ги забрани директните летови од Јужна Африка и околниот регион поради откривање на нова варијанта на КОВИД-19, истовремено воведувајќи ограничувања за патување од други земји, вклучително Хонг Конг, Израел и Белгија.

Влезот од тие земји би бил возможен само за швајцарските граѓани или оние со дозвола за престој во Швајцарија или пошироката Шенген зона.

Сега, по откривањето на нови случаи на Омикрон, патниците од Велика Британија, Чешка, Холандија, Египет и Малави ќе треба да покажат негативен тест за СОВИД-19 и карантин исто така десет дена, соопшти Федералната канцеларија за јавно здравје во твит.

Не е наведено дали патувањето од тие земји ќе биде ограничено на швајцарските граѓани или не.

Два случаи на новата варијанта на коронавирус Омикрон, исто така, се откриени во јужната германска покраина Баварија и во Италија, двата соседи на Швајцарија, но Швајцарија досега не воведе ограничувања за патување на ниту една земја со која ги дели границите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »