Промовирани огласи »

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Врз основа на член 7 став 1 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија,
број 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,
145/15, 30/16 и 127/16) и член 3 од Правилникот за начин и постапка за избор на наставници кои изведуваат настава
за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат
во странство број 101517/1 од 09. 04. 2010 година, број 116938/1 од 16. 11. 2012 година и број 2017716/1 од
19. 11. 2015 година, Министерството за образование и наука објавува

КОНКУРС
За избор на наставник за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик
за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство


Се објавува Конкурс за избор на наставник за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство за следнава држава:

Кралството Шведска (македонски наставен јазик)

  • Еден (1) наставник во Кристијанстад, Малме и околината (македонски наставен јазик);


Наставата ќе се изведува на следниот јазик:

  • Кралството Шведска (еден наставник): македонски јазик,


Заинтересираните кандидати потребно е да ги - исполнуваат следниве услови: Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог или наставник по мајчин јазик; - Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;

  • Да го познава јазикот на државата за која конкурира; - Да е државјанин на Република Македонија;
  • Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.
  • Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири учебни години.


Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството
за образование и наука.

Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.
Потребни документи: 

  • Молба;
  • Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот; - Кратка биографија со фотографија; 
  • Потврда за работен стаж во основно училиште; 
  • Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат; 
  • Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.


Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно потпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Дневно работно време на наставникот:

  • 8 часа во зависност од организацијата на воспитнообразовната работа на наставникот,

Неделно работно време на наставникот:

  • најмалку 5 (пет) дена во неделата.


Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

  • Кралството Шведска - 1 .881 ,00 ЕУР,
  • Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул. „Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство,
  • Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.


Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука ео рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.

  • Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат разгледувани.
  • Министерство за образование и наука

Промовирани огласи »

Крајот на мај е и многу туристи се подготвуваат за пат во Грција на летување, кое според проценките на познавачите ќе биде поскапо од минатата година.

Со оглед на воведување на некои нови даноци и построги финансиски контроли на угостителските објекти и трговски продавници, проценките се дека цените ќе бидат и до 20 отсто повисоки.

Тоа би можело да ги наведе туристите во Грција ова лето да понесат повеќе храна од дома и поради тоа би требало да имате на ум што е дозволено да пренесете преку граница и во кои количини.

И претходните години имаше ситуации на грчката граница да има заплена на храна, чие пренесување преку истата не е дозволено.

Според официјалните прописи, во Грција не е дозволен внес на месо, млеко и млечни производи од земји кои не се членки на Европската унија а дозволено е со себе да понесете до два килограми млеко во прав за бебе или храна за бебе, храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за миленичиња.

Кога се работи за овошје и зеленчук, може да се внесат во количина до пет килограми.

Што се однесува до внесот на алкохол, личности постари од 17 години во личниот багаж може да понесат само по литар алкохолни пијалоци со процент на алкохол од 22 отсто и помалку од тоа, четири литри вино и 12 литри пиво.

Кога се работи за пари, неопходно е да пријавите доколку со себе имате кеш во износ од 10 000 евра или повеќе од тоа.

Во секој случај, во пресметани трошоци би требало секојдневно да издвоите по 35 евра, колку во просек ќе ви требаат без платениот агнажман.

За чадор и лежалки, на повеќето плажи нема да мора да давате пари доколку порачете пијалок но за тоа ќе треба да издвоите околу 5 евра, додека на нешто поексклузивните плажи, овој луксуз може да ве чини повеќе од ноќевање во еден просечен апартман, па така на поедини острови треба да се дадат околу15 евра, не сметајќи го пијалокот.

Доколку своето летување сакате да го исполните со некоја дополнителна содржина како заминување на грчка вечера, крстарење или одење во ноќен клуб за тоа можете да потрошите и повеќе од 60 евра.

За вечера во еден ресторан просечен пар плаќа околу 40 евра, додека за гиро ќе треба да издвоите до 7 евра.

Кога се соберат сите десетдневни „ситни“ трошкови на плаќање, сметајќи ги и оброците во еден од приморските ресторани, тие може да изнесуваат и повеќе од самиот, комплетен туристички аранжман.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Најбрзиот патнички воз на светот – јапонски маглев – го урна сопствениот рекорд, јавува агенцијата АП.

Оператор на централа на јапонските железници кажал дека возот за време на тестирањето досега брзина од 603 километри на час со што го надмина сопствениот рекорд од 581 километри на час од 2003 година.
На возот му било потребно малку помалку од два километри да ја надмине брзината од 600 километри на час.
Возот маглев го добил називот од зборот магнетна левитација и станува збор за посебна врста на брз воз кој е познат по тоа што практично лебди над шините, така што не постои сила на триење помеѓу шините и возот.
Јапонските брзи возови се помеѓу најнапредните на светот и дневно бележат стотици поаѓања со минимално задоцнување.
Пруга за тестирање на маглев возовите, која се наоѓа во близина на планината Фуџи на околу 80 километри од Токио, развива технологија која ќе се користи на планирана врска помеѓу Токио и Осака.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »