Промовирани огласи »

Крајот на мај е и многу туристи се подготвуваат за пат во Грција на летување, кое според проценките на познавачите ќе биде поскапо од минатата година.

Со оглед на воведување на некои нови даноци и построги финансиски контроли на угостителските објекти и трговски продавници, проценките се дека цените ќе бидат и до 20 отсто повисоки.

Тоа би можело да ги наведе туристите во Грција ова лето да понесат повеќе храна од дома и поради тоа би требало да имате на ум што е дозволено да пренесете преку граница и во кои количини.

И претходните години имаше ситуации на грчката граница да има заплена на храна, чие пренесување преку истата не е дозволено.

Според официјалните прописи, во Грција не е дозволен внес на месо, млеко и млечни производи од земји кои не се членки на Европската унија а дозволено е со себе да понесете до два килограми млеко во прав за бебе или храна за бебе, храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за миленичиња.

Кога се работи за овошје и зеленчук, може да се внесат во количина до пет килограми.

Што се однесува до внесот на алкохол, личности постари од 17 години во личниот багаж може да понесат само по литар алкохолни пијалоци со процент на алкохол од 22 отсто и помалку од тоа, четири литри вино и 12 литри пиво.

Кога се работи за пари, неопходно е да пријавите доколку со себе имате кеш во износ од 10 000 евра или повеќе од тоа.

Во секој случај, во пресметани трошоци би требало секојдневно да издвоите по 35 евра, колку во просек ќе ви требаат без платениот агнажман.

За чадор и лежалки, на повеќето плажи нема да мора да давате пари доколку порачете пијалок но за тоа ќе треба да издвоите околу 5 евра, додека на нешто поексклузивните плажи, овој луксуз може да ве чини повеќе од ноќевање во еден просечен апартман, па така на поедини острови треба да се дадат околу15 евра, не сметајќи го пијалокот.

Доколку своето летување сакате да го исполните со некоја дополнителна содржина како заминување на грчка вечера, крстарење или одење во ноќен клуб за тоа можете да потрошите и повеќе од 60 евра.

За вечера во еден ресторан просечен пар плаќа околу 40 евра, додека за гиро ќе треба да издвоите до 7 евра.

Кога се соберат сите десетдневни „ситни“ трошкови на плаќање, сметајќи ги и оброците во еден од приморските ресторани, тие може да изнесуваат и повеќе од самиот, комплетен туристички аранжман.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Најбрзиот патнички воз на светот – јапонски маглев – го урна сопствениот рекорд, јавува агенцијата АП.

Оператор на централа на јапонските железници кажал дека возот за време на тестирањето досега брзина од 603 километри на час со што го надмина сопствениот рекорд од 581 километри на час од 2003 година.
На возот му било потребно малку помалку од два километри да ја надмине брзината од 600 километри на час.
Возот маглев го добил називот од зборот магнетна левитација и станува збор за посебна врста на брз воз кој е познат по тоа што практично лебди над шините, така што не постои сила на триење помеѓу шините и возот.
Јапонските брзи возови се помеѓу најнапредните на светот и дневно бележат стотици поаѓања со минимално задоцнување.
Пруга за тестирање на маглев возовите, која се наоѓа во близина на планината Фуџи на околу 80 километри од Токио, развива технологија која ќе се користи на планирана врска помеѓу Токио и Осака.

Промовирани огласи »

Шведска ги огласи сите свои села на интернет платформата за барање сместување „Airbnb“, рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да пешачи, кампува, планинари и собира бобести плодови-целосно бесплатно.

Шведска, Данска, Финска и останатите нордиски земји имаат правило под името „allemansrätten“, односно „право на секој човек“, кое подразбира секој да може да дојде и целосно слободно и бесплатно да лута по природните и селски предели на земјата, независно од тоа дали се работи за земја во јавна или приватна сопственост.

„Можете да берете плодови и да шетате било каде, се додека не им приоѓате близу на куќите на мештаните и не ги вознемирувате животните во полето кое мирно пасат“, вели Џени Кајзер од агенцијата „Visit Sweden“.

Шведска не морала да го плати ова огласување а Кајзер смета дека овој оглас ќе привлече многу корисници на „Airbnb“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »