Промовирани огласи »

Пред околу 10 години за првпат имаше обид во Македонија да се намали употребата на пластичните ќеси и истите да се наплаќаат 1-2 денари, но и да се понуди опцијата за хартиена ќеса, која потрошувачот би ја добил бесплатно.

Некои маркети и брендови уште тогаш со купени производи даваа гратис торби за купувачите, други воведоа таканаречени биоразградливи ќеси, а трети останаа со обичните, пластични и ги наплаќаа. 

Сега е 2021 година и од денеска, 1 декември, на сила стапува нова цена на пластичните ќеси, кои ќе чинат 15 денари да се купат во маркетот. Според една група потрошувачи тоа е прескапо, а според друга, на високи сметки за неделно пазарење, уште 100-тина денари нема да направат голема разлика.

Пластиката низ светот

Пластиката важи за еден од најголемите загадувачи на почвата и на океаните, најмногу поради нејзиниот долг период на разградување. Ова загадување не доаѓа само од ќеси, туку и од амбалажи, фолии, шишиња, чаши за една употреба, цевчиња за пиење... Не секоја држава располага со соодветни капацитети за рециклирање на пластиката.

Свесноста околу селектирањето на отпадот кај нас е на најниско ниво, бидејќи најпрво, дури и тие малку корпи и контејнери што ги има не се користат правилно, а потоа и дека на луѓето не им се „губи време“ да селектираат. Низ Европа има многу примери на земји каде селектирањето е задолжително, а различни служби го собираат отпадот соодветно. 

Интересна појава се младите луѓе кои сакаат да го променат светот, па мотивираат рециклирање и замена на пластиката со одржливи решенија, на пример метални цевчиња за пиење, чаши за кафе за носење направени од материјали кои се рециклираат, избегнување на секаков вид пластика во секојдневниот живот, восочни фолии за пакување храна, торби од текстил и мора да признаеме, стануваат навистина креативни во тоа што го нудат. 

Во продавниците можете да најдете и четки за заби со бамбусова рачка, кои исто така се лесни за рециклирање. 

Проблемот во Македонија

Постојат и мали бизниси во Македонија кои ја промовираат одржливоста и имаат за мисија да го намалат отпадот од каков и да е вид. 

Продажбата на ќеси за 15 денари некои ја дочекаа со одобрување, а други со жестоко противење. На долг план, можеби ќе има одредено ниво на одржливост. Некои сметаат дека имаме поприоритетни проблеми од пластичниот отпад (и веројатно се во право). Но, она што многумина го забележаа вчера во маркетите беше масовно купување на брендирани ќеси - за фрлање на ѓубре, велат. 

Но, само на неколку чекори од касата, може да се најдат вреќи за ѓубре од кои најмалите се по 15 литри волумен, имаат рачки и се издржливи, а цените се движат меѓу 30-50 денари за 10-12 ќеси (има и поскапи и поевтини). 

Што значи - решение за фрлањето ѓубре има, но ние веројатно не сакаме да ја почнеме промената од себе. 

Останува надежта дека откако ќе ги потрошат ќесите кои ги купија вчера, луѓето ќе имаат доволно време да се освестат и да придонесат во одржливоста, рециклирањето и заштитата на животната средина. 

Промовирани огласи »

Низ историјата успесите на ЖИТО МАРКЕТИ секогаш биле базирани на цврсти вредности: одговорност, чесност, доверба и интегритет. Маркетите се дизајнирани и опремени во согласност со европските стандарди за пазарење, со сопствен паркинг простор и со пристап за лица со инвалидност. Асортиманот  е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и нашиот  приватен бренд – брзорастечката “5ка”. Маркетот располага со поголем простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува, од добавувачот Фруитленд. Овој маркет вклучува засебен оддел за продажба и на производи коишто не спаѓаат во прехранбената категорија. Кога е Жито маркети во прашање, очекувајте многу подароци, акции, промоции и други изненадувања за купувачите.

Жито маркети има отворени работни позиции за:

Промовирани огласи »

Победникот на Најдобрата апликација на play store  за 2021 година создава персонализирани планови за медитација. Апликацијата, наречена Balance, го зазеде првото место на наградите „Најдоброто од 2021 година на Google Play“, годишен избор на апликации и игри што „дадоа позитивен придонес во културата за оваа година“.
 

Победниците беа избрани од уредничкиот тим на Google Play поради нивниот креативен и напреден пристап. Balance работи на принцип што поставува серија прашања за да дознае нивото на искуство и целите на корисникот, а потоа генерира план за медитација прилагоден на секој поединец.

Според Google, „апликациите фокусирани на личен раст се многу барани“. Предизвиците без преседан на пандемијата јасно доведоа многумина кон интроспекција и самооткривање, а најдобрата апликација за 2021 година која ја освои Balance е соодветна одраз на тоа.
 


 

Промовирани огласи »

Зборувањето со колегите на работа е важно за инспирација на тимската работа и создавање здрава работна средина. Да можете да им дадете поддршка на другите на работа е еден од начините да изградите односи со вашите колеги и да бидете вреден член на тимот. Во оваа статија, ја објаснуваме важноста од помагањето и поддршката на колегите на работа, како можете да обезбедите поддршка и клучните придобивки од тоа.

1. Зајакнување на самодовербата
Дали некогаш сте пофалиле некој колега или вам ви го разубавиле денот? Можеби некој клиент ви дал пофалба дека правите добра работа? Најмалиот коментар може да има огромно влијание врз вашата самодоверба, но да не заборавите да им го дадете на другите истото зголемување на самодовербата.

2. Подобра комуникација
Ако сте поддржувачи и пријателски настроени, луѓето природно ќе се чувствуваат повеќе склони да споделат работи со вас. Да се ​​биде пристапна личност има свои придобивки: луѓето имаат поголема веројатност да се чувствуваат поудобно околу вас, да бидат искрени со вас и да зборуваат кога имаат прашање - три аспекти кои можат многу да придонесат за зголемување на продуктивноста.

3. Тимски дух
Поддршката несомнено создава подобра работна атмосфера. Тоа помага да се создаде чувство на заедница и тимски дух, што функционира како потсетник дека сите се стремат кон една единствена цел. Ова е концепт што може да се изгуби со текот на времето кога луѓето се фокусираат исклучиво на сопствените оптоварувања.

4. Што давате тоа добивате
Нудењето на вашата поддршка, помош и експертиза не останува незабележано и ги тера луѓето да сакаат да ви го понудат истото за возврат. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »