Промовирани огласи »

Новиот модел во SUV гамата на италијанската марка ќе се базира на архитектурата која е позајмена од Peugeot 2008, а во производство можеме да го очекуваме некаде во втоората половина од 2023 година.
 


Brennero ќе добие и електрична варијанта со електромотор и батерии на Nidec, кои се очекува да имаат подолг домет од 310 километри, кaрактеристики што се одлика и на малиот Peugeot e-2008. Покрај електромоторот под хаубата на Brennero, клиентите ќе можат да го добијат и новиот 1.2 PureTech бензински мотор. Како и да е веќе сега се знае дека не треба да очекуваме дизел мотор во Brennero. 

Цената ќе се движи околу 30.000 евра, но со оглед на плановите на Stellantis што Alfa Romeo сакаат да ја вивнат во консталацијата на премиум спортски марки истата, во најмала рака е и очекувана.

Промовирани огласи »

Мајкрософт го враќа својот виџет за временска прогноза на лентата со задачи на Windows 11. Тоа е функција која првично дебитираше во Windows 10, обезбедувајќи временски услови во живо и брз пристап до сите вести во светот.

Додатокот за временска прогноза стандардно ќе се прикажува на левата страна од лентата со задачи или како дополнителна икона ако лентата со задачи за Windows 11 е порамнета налево. Оваа најнова промена достапна во Windows 11 Dev Channel, ја следи способноста на тестерите да го прикажуваат времето и датумот на повеќе монитори. Двете промени се очекува да бидат претставени со ажурирање на Windows 11 во 2022 година.

Покрај промените во лентата со задачи, Мајкрософт најавува и нова функција „Гласовен пристап“ за Windows 11. „Гласовниот пристап е ново искуство што им овозможува на сите, дури и на лицата со пречки во движењето, да го контролираат својот компјутер користејќи го својот глас“, вели Ланговски.
 

Промовирани огласи »

Peugeot ќе продава само електрични автомобили во Европа од 2030 година наваму, користејќи четири Stellantis EV платформи, пишува Automotive News Europe.
 



Одлуката ја потврди извршната директорка на Peugeot, Линда Џексон, која додаде дека француската марка ќе продолжи да произведува модели ICE за други меѓународни пазари. „Како што преминуваме кон новите платформи – STLA Small, [STLA] Medium и [STLA] Large – до 2030 година во Европа, сите наши модели ќе бидат електрични“, рече Џексон. „Но, сепак морам да се погрижам да одржувам понуди за внатрешно согорување за моите меѓународни клиенти“.
 

Промовирани огласи »

Нов Зеланд планира целосно да го забрани пушењето. Би-Би-Си јавува дека Нов Зеланд ќе ја забрани продажбата на цигари и тутунски производи на своите помлади генерации, во обид постепено да се откаже од пушењето.

Според предлог-законот што треба да се донесе следната година, никој роден по 2008 година нема да може да купува цигари или тутунски производи.


Сакаме младите никогаш да не почнат да пушат“, рече министерката за здравство д-р Ајша Верол. 
Лекарите и медицинските експерти ги поздравија плановите на владата. Нов Зеланд, инаку, е решен да ја намали националната стапка на пушење на 5 проценти до 2025 година, со цел конечно целосно да се елиминира тутунот.

Во моментов, околу 13 отсто од возрасните во Нов Зеланд пушат, што е помалку од 18 отсто колку што пушеле пред една деценија. Стапката на пушачи е многу повисока – околу 31 процент – кај домородното население на Маори, кое има повисока стапка на морбидитет и смртност.

Како дел од посебните мерки, Владата воведе построга контрола на консумацијата на тутун и го ограничи бројот на места каде што може да се купат цигари. Врз основа на овие мерки, цигарите повеќе не може да се купуваат во супермаркетите и локалните намирници, а бројот на продавници овластени да продаваат цигари драстично ќе се намали од околу 8.000 на помалку од 500.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »