Кон иницијативата „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“ за неколку дена се приклучија повеќе од 3000 родители на деца кои одат на училиште.
Оттаму велат дека петицијата со собраните потписи ќе биде доставена до надлежните од кои очекуваат разбирање и одговор, со цел второто полугодие од оваа учебна година да почне без задолжителното носење маски за време на часовите.
Доколку нема никаков одговор од надлежните, протест кон крајот на месецот, најавуваат од иницијативата.
-Континуираното носење маски е исклучително штетно по здравјето на нашите деца, особено што децата се приморани да носат и маски за време на часовите по физичко воспитување, спротивно на сите препораки од СЗО и експерти. Истото не е предвидено ниту во протоколот за работа во основните и средните училишта но сепак истото сеуште се практикува, велат од иницијативата.
Тие бараат носењето на маска да биде по избор, а петицијата може да се потпише и он-лајн, на истоимената група на социјалната мрежа Фејсбук.