Промовирани огласи »

Кон иницијативата „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“ за неколку дена се приклучија повеќе од 3000 родители на деца кои одат на училиште.

Оттаму велат дека петицијата со собраните потписи ќе биде доставена до надлежните од кои очекуваат разбирање и одговор, со цел второто полугодие од оваа учебна година да почне без задолжителното носење маски за време на часовите.

Доколку нема никаков одговор од надлежните, протест кон крајот на месецот, најавуваат од иницијативата.

-Континуираното носење маски е исклучително штетно по здравјето на нашите деца, особено што децата се приморани да носат и маски за време на часовите по физичко воспитување, спротивно на сите препораки од СЗО и експерти. Истото не е предвидено ниту во протоколот за работа во основните и средните училишта но сепак истото сеуште се практикува, велат од иницијативата.

Тие бараат носењето на маска да биде по избор, а петицијата може да се потпише и он-лајн, на истоимената група на социјалната мрежа Фејсбук. 

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.

Промовирани огласи »

Жалбата која Mercedes ја поднесе по вчерашната трка во Абу Даби и спектакуларната завршница во која Макс Верстапен (Red Bull) го победи Луис Хамилтон и стана светски првак, е одбиена.


Раководството на трката соопшти дека холандскиот возач не го прекршил правилникот на трката. Во финишот на трката, во време додека на патеката беше безбедносното возило, Верстапен имаше забрана за претекнување, но таа одлука беше повлечена со влегувањето во последниот круг во кој Холанѓанецот на драматичен начин го мина Хамилтон и стана 34. светски првак во историјата на Формула 1.

Промовирани огласи »

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан ковид-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција, а освен за Грците важат и за туристите кои ја посетуваат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.


ОД ДЕНЕСКА

Нови мерки во Грција кои важат и за туристите, потврдите по 1 ноември важат 90 дена

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан ковид-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција, а освен за Грците важат и за туристите кои ја посетуваат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Граѓаните кои се над 60-годишна возраст и иако се вакцинирани, но поминале седум месеци и не примиле трета доза, од денеска се сметаат за невакцинирани и нема да имаат пристап во местата каде што е задолжителен сертификат, односно според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому „нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните“ и за нив ќе важат истите рестрикции како и за невакцинираните.

Од друга страна, потврдата за прележан ковид-19 ќе се издава само по направен ПЦР тест и не постои опцијата со позитивен рапид тест, а времетраењето се скратува од шест на три месеци.

Потврдата важи 30 дена по позитивниот резултат до 90 дена потоа.

Согласно министерската одлука со новите мерки, „остануваат во сила потврдите издадени од 13 јуни 2021 година до 31 октомври 2021 година, а потврдите по 1 ноември важат 90 дена.

Мерките, освен за Грците, важат и за туристите, нешто што во четвртокот го објасни и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на редовниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки. Во однос на навршувањето седум месеци за сограѓаните кои се над 60 годишна возраст и немаат примено бустер доза, без разлика дали се грчки граѓани или граѓани на други земји кои во нашата земја се наоѓаат од други причини, важи токму истото, нема да ги имаат привилегиите на вакцинираните. Во однос на потврдата за прележан ковид-19, по 1 февруари, бидејќи им даваме еден неопходен временски период за да се прилагодат и да имаат можност да се вакцинираат, ќе важат токму истите правила и за Грците и за граѓаните на други земји, објасни Иконому.

Во последната министерската одлука со предусловите за патување во Грција објавена во петокот, како што веќе пренесе МИА, нема промени во однос на сертификатот за вакцинација за лицата над 60 години и задолжителната трета доза, односно конкретната мерка, барем засега, се однесува само на внатрешноста на Грција, а не и за влез во земјата.

Промени се направени само за потврдата за прележан ковид-19, а повеќе не важи од 30 до 180 дена туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »