Промовирани огласи »

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан ковид-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција, а освен за Грците важат и за туристите кои ја посетуваат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.


ОД ДЕНЕСКА

Нови мерки во Грција кои важат и за туристите, потврдите по 1 ноември важат 90 дена

Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан ковид-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција, а освен за Грците важат и за туристите кои ја посетуваат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Граѓаните кои се над 60-годишна возраст и иако се вакцинирани, но поминале седум месеци и не примиле трета доза, од денеска се сметаат за невакцинирани и нема да имаат пристап во местата каде што е задолжителен сертификат, односно според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому „нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните“ и за нив ќе важат истите рестрикции како и за невакцинираните.

Од друга страна, потврдата за прележан ковид-19 ќе се издава само по направен ПЦР тест и не постои опцијата со позитивен рапид тест, а времетраењето се скратува од шест на три месеци.

Потврдата важи 30 дена по позитивниот резултат до 90 дена потоа.

Согласно министерската одлука со новите мерки, „остануваат во сила потврдите издадени од 13 јуни 2021 година до 31 октомври 2021 година, а потврдите по 1 ноември важат 90 дена.

Мерките, освен за Грците, важат и за туристите, нешто што во четвртокот го објасни и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на редовниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки. Во однос на навршувањето седум месеци за сограѓаните кои се над 60 годишна возраст и немаат примено бустер доза, без разлика дали се грчки граѓани или граѓани на други земји кои во нашата земја се наоѓаат од други причини, важи токму истото, нема да ги имаат привилегиите на вакцинираните. Во однос на потврдата за прележан ковид-19, по 1 февруари, бидејќи им даваме еден неопходен временски период за да се прилагодат и да имаат можност да се вакцинираат, ќе важат токму истите правила и за Грците и за граѓаните на други земји, објасни Иконому.

Во последната министерската одлука со предусловите за патување во Грција објавена во петокот, како што веќе пренесе МИА, нема промени во однос на сертификатот за вакцинација за лицата над 60 години и задолжителната трета доза, односно конкретната мерка, барем засега, се однесува само на внатрешноста на Грција, а не и за влез во земјата.

Промени се направени само за потврдата за прележан ковид-19, а повеќе не важи од 30 до 180 дена туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест. 

Промовирани огласи »

Користењето на интернет и онлајн купувањето во земјава годинава бележи раст, а интернет банкарството се користело за 104 проценти повеќе за разлика од лани.

Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од годинава е зголемена на 83,7 проценти опфат на домаќинствата наспроти 79,9 отсто во истиот период минатата година. Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, наспроти 81,4 отсто лани. Притоа, 87,8 проценти од мажите користеле интернет за разлика од 85,1 отсто од жените. Дури 80,5 проценти од Македонците биле активни на интернет на дневно ниво, а во однос на родовата распределба, мажите повеќе користеле интернет од жените. Соодносот е 82,6 наспроти 78,4 отсто.

Според податоците на „Еуростат“, најмногу интернетот годинава се користел за телефонирање, односно 90,6 проценти, потоа за следење на социјалните мрежи (85,2 отсто) и за размена на пораки преку Скајп, Месинџер, Ватсап, Вибер… (82,3 проценти).

Жените повеќе телефонирале од мажите, односно соодносот е 92,9 наспроти 88,4 проценти. Жените повеќе користеле интернет само во случај кога барале информации поврзани со здравјето, додека во сите останати случаи мажите повеќе го користеле интернетот.

Раст бележи и е-трговијата за 15,5 проценти, според податоците од Државниот завод за статистика. Спроведената анкета во првото тримесечје од годинава во која испитаниците се изјасниле за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст, односно 46,3 отсто од интернет корисниците нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци наспроти 40,1 процент во однос на истиот период минатата година.

Како и минатите години, најмногу се купувало облека, вклучително и спортска опрема, а за разлика од порано, сега Македонците најмногу купуваат од домашни е-продавници (84,4 проценти).

Значаен скок во користењето на интернет услугите, има кај е-банкарството. За разлика од лани кога само 15,2 отсто од населението ги користело услугите на е-банкарството, во текот на годинава двојно е зголемен бројот односно 31,1 процент од населението користи интернет за е-банкарство.

Она што е забележително како влијание на пандемијата е дека дури 84 отсто од направените онлајн нарачки биле кон домашните е-трговци. Што се однесува до менување на навиките може да се забележи удвојување на користењето на е-банкарството и зголемување на учеството на корисници кои се повеќе бараат информации за производи и услуги онлајн. Сепак како што речиси секогаш посочуваме ова не е доволно и понатаму ќе работиме со сите засегнати страни трендот на раст да продолжи со засилено темпо со крајна цел да се одалечиме од дното на рангирањето во компаративната анализа со европските земји, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска. 

Промовирани огласи »

Од Владата велат дека се договориле со синдикатите да најдат решенијата за повисока минимална плата и за унапредување на работничките статус и права. 

Владата претставена од министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и од советникот на премиерот за труд и социјална политика Милан Живковиќ, денеска разговараше со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија и граѓанските синдикати што членуваат во него, а во врска со синдикалните барања за повисока минимална плата, потребата од конечно воведување на неделата како неработен ден, правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15, за јавниот сектор и за општиот колективен договор за приватниот сектор.



Владините претставници ги изнесоа владините политички позиции за унапредување на правата и статусот на работниците во Северна Македонија без разлика од кој сектор доаѓаат и уште еднаш ги потенцираа заложбите на Владата за најбрзо обезбедување на денот недела како неработен за сите работници кои имаат потреба од остварување на тоа право, како и за покачување на минималната плата до 18.000 денари најбрзо што може во 2022 година, а со цел покачување до 20.000 денари до крајот на мандатот. Министерот Шаќири во име на Владата потенцираше дека обврска на Владата е да го слушне и разбере гласот на работникот и дека оваа Влада секогаш ќе биде отворена и ќе излегува во пресрет на барањата на синдикатите. Министерот изрази целосна подготвеност за реализација на циклус разговори меѓу Владата и социјалните партнери со цел најдат најсоодветни и изводливи решенија за унапредување на статусот на работниците, вклучувајќи и покачување на минималната плата. Владата и синдикатите се согласија работна група да ги прибере сите потребни податоци со цел детална разработка на можните оперативни решенија за зацртаните социјални цели, најдоцна до 20 јануари 2022 година, велат од Владата. 

ССМ денеска организираше протест во Скопје, и ги испорача барањата кои и претходно беа добро познати. 

Промовирани огласи »

Еве неколку изјави кои ќе ви ја нарушат кариерата што треба да ги избегнувате.

1.За време на голем состанок

Не кажувајте: „Денес ги немам бројките затоа што практикантот не ми ги даде“.

Зошто е проблем: Не е важно дали практикантот навистина погрешил - изгледа како да ја фрлате вината на некој друг. Што прави да изгледате како да не сте одговорни, а ги тера вашите колеги да се прашуваат.

Наместо тоа, кажете: „Немам бројки во моментов, но работам со практикантот за да ги добијам што е можно поскоро“.

2. Запознавање со вашиот нов шеф

Не кажувајте: „Достапен сум секогаш кога ви треба. Еве го мојот домашен број, мојата лична е-пошта, а јас ќе бидам на одмор следната недела, па еве како можете да стигнете до мене “.

Зошто е проблем: Се чини дека е вистинска работа да се биде корисен и достапен. Но, студиите покажуваат дека менталитетот „секогаш вклучен“ не придонесува за подобра продуктивност.

Наместо тоа, кажете: „Ајде да ги откриеме најдобрите начини за да комуницираме ако треба да се поврземе за време на итен случај“.

3. За време на работна криза што кореспондира со лична вонредна состојба

Не кажувајте: „Знам дека овој проект е многу итен, но биди благодарен што немаш деца. Бев буден цела ноќ и детето ми беше болно и сега морам да се одјавам“.

Зошто е проблем: ова е нечувствително на толку многу нивоа. На пример, ако некој се обидува да забремени или е несреќно без деца, тогаш бебињата всушност би биле триумф. Тоа имплицира дека на оние кои не се родители, ништо не им се случува надвор од работа. Конечно, прави да звучи како да не ви се допаѓа да бидете родител - и тоа е незгодно за секого.

Наместо тоа, кажете: „Многу ми е жал што морам да заминам токму сега. Ќе бидам достапен повторно во 7:30 и ќе се јавам да се пријавам. како што можам“.

4. Во вашата проштална најава на последниот ден на работа

Не кажувајте: "Ќе ми недостигате сите. Еве како можете да се поврзете со мене на Инстаграм, Фејсбук, Твитер и Снепчет!"

Зошто е проблем: големи се шансите дека ќе наидете на луѓе што ги познавате до крајот на кариерата ако сте во истиот град или во иста индустрија. Дали навистина сакате некој што ќе го сретнете во професионален капацитет да има слика од вас полугол како пливате?

Наместо тоа, кажете: „Ќе ми недостасувате сите. Ве молиме поврзете се со мене на LinkedIn за да можеме да останеме во контакт“.

5. Кога шефот ќе ви даде работа што не спаѓа во вашите обврски

Не кажувајте: ,,Тоа не е моја работа".

Зошто е проблем: Шефот ве прашува да направите нешто што е под вашата позиција или едноставно не е поврзано воопшто со она што го правите. Но, кога ќе кажете "Тоа не е мојата работа", се повикувате себеси како нетимски играч.

Наместо тоа: "Секако. Не сум сигурен дека сум го сторил тоа претходно, но јас ќе се погрижам за тоа . " 

6. Во случај на голем обем на работа

Не кажувајте: ,,не е фер.''

Слушајќи го ова во канцеларијата, секој мисли на училишно игралиште. Oва не е професионално однесување на работното место. Ако ви е дадена повеќе работа од вашите колеги, гледајте на тоа како можност да се издвоите. Меѓутоа, ако работите се навистина неправедни, можеби ќе треба да го решите тактично. Разговор лицето-во-лице со вашиот шеф е секогаш подобро од мрморење на соработниците.

Ова наместо тоа: "Можеме ли да издвоиме некое време за да разговараме за мојата изведба?"

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »