Можеби ви е тешко да одлучите што да облечете на работа во летните денови зашто од една страна надвор е многу топло и сакате да се чувствувате удобно, но од друга страна не сакате да облечете нешто несоодветно за работното место. За да се одлучите за нешто што одговара и на времето и на работата следете ги следниве совети.
Изберете потенки материјали
За да не се двоумите дали некое парче облека одговара за на работа или не, купете деловна облека од тенки материјали (фустан од памук). Но не бирајте претенки материјали кои се проѕираат.
Не откривајте премногу кожа
Ако сакате нозете да ви бидат откриени, тогаш носете долги ракави, или обратно - пантолони со маичка на кратки ракави. Не носете сукњи што се пократки од над колена. Не носете фустани што се отворени на грбот.
Носете палто
Ако сакате да облечете маичка или фустан на прерамки, тогаш облечете и палто одозгора. Иако е надвор жешко, во канцеларијата е обично пријатно.
Носете посветли бои
Слободно одлучете се за жолт фустан или за портокалова маичка. Освежете ја монотонијата во канцеларијата.
Следете ги другите
Ако во компанијата каде што работите сите носат формална облека, би требало да ги следите. Не одлучувајте се за премногу опуштена варијанта.
Изберете сандали
За да се чувствувате пријатно изберете отворени обувки. Сандалите се прифатливи за на работа ако не се премногу украсени. Секако, и ноктите треба да бидат средени.
Создадете свој стил
Иако обично треба се облекувате според барањата од компанијата, можете да изберете комбинации што најмногу ви одговараат и ви го истакнуваат стилот. Облекувајте се соодветно за работното место, но останете свои.