Оние кои најмногу заработуваат во Германија најмногу и работат, е заклучок на истражувањето кое го спроведе Германскиот завод за вработување.
Повеќе од 40 отсто од сите вработени во Германија неделно работат најмалку пет прекувремени часа, додека пет отсто работат 10 прекувремени часа неделно.
Оние кои заработуваат помалку од 30 000 евра годишно по недела работат во просек два часа прекувремено. Оние кои заработуваат до 60 000 евра работат во просек четири часа прекувремено. Оние со годишни приходи од 120 000 евра и повеќе, неделно работат во просек 10 часа прекувремено, пресметаа германски статистичари.
Со бројот на прекувремени часови поврзани се и годините-млади под 20 години возраст работат во просек два часа прекувремено, а постари од 60 години просечно 3,6 часа.
Најмногу прекувремно работат советници во компании, а следат работници во трговски сектор. Голем број од нив не добиваат никаква компензација за прекувремена работа (околу две третини).
Најмалку прекувремени часа има во машинскиот сектор.
Ова истражување е спроведено на примерок од 220 544 вработени во последните 12 месеци.