Пратениците во Бугарија одлучија да се замрзне цената на струјата и парното на сегашно ниво. Зголемувањето на цените во минатото кај нив предизвикаа протести, бидејќи сиромашните семејства често се бореа со тоа како да ги платат сметките преку зима.
Бугарскиот независен енергетски регулатор најави зголемување на цените на електричната енергија во просек за 11,5 насто и цените на парното до 30 насто за домаќинствата од 1 јануари, со што ќе се усогласат со цените на пазарот каде компаниите ја купуваат својата енергија.
Кај нас, Електродистрибуција веќе доставила барање за 100% зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски што би значело 34% зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4% на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.
Побарано е 100% пред се зголемени трошоци за загуби./Вкупно се 140 милиони евра заради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 – 34% на крајна цена. / Доколку е така крајна цена дополнително 4%, значи без ЕВН 37-38% зголемување, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.