Промовирани огласи »

Бугарите се најсиромашни во Европската Унија(ЕУ). Најлош животен стандард во ЕУ има во Бугарија, чии граѓани се со најниска куповна моќ, по неа е Хрватска, а највисок стандард има Луксембург. 

Бугарија  е со стандард кој е 39 отсто под просекот за ЕУ-27 нивото во 2020, следи Хрватска каде стандардот во 2020 бил за една третина (32 отсто) понизок од просекот во Европската Унија, објави Евростат. Лани највисокиот стандард, изразен во фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, е забележан во Луксембург, 45 отсто повисок од просекот на ЕУ.  По оваа земја, следат Германија, Данска, Холандија, Австрија. Сликата е горе долу иста со години наназад. Бугарија, Романија, Хрватска се на дното на скоро сите рангирања. 

Промовирани огласи »

Централната Банка на Англија соопшти дека биткоинот може да стане безвреден и дека луѓето кои инвестираат во дигитална валута треба да бидат подготвени дека е можно да изгубат сè.

Во предупредувањето за потенцијалните ризици за инвеститорите, централната банка доведе во прашање дали постои инхерентна вредност на најистакнатата дигитална валута, чија вредност се искачи на близу 50.000 долари по парче оваа година.

На почетокот на ноември, биткоинот достигна рекордно високо ниво од 67.000 долари, но вредноста драстично се намали откако за првпат се појави веста за новата варијанта на коронавирус, омикрон.

Биткоинот се стабилизираше дури минатата недела.

Заменик-гувернерот сер Џон Канлиф рече дека Банката мора да биде подготвена за ризиците поврзани со порастот на криптовалутите по нејзиниот брз пораст на популарноста.

Цените може да варираат доста, а биткоинот теоретски или во пракса може да падне на нула, изјави Канлиф за Би-Би-Си.

Пазарната капитализација на криптовалутите се зголеми десеткратно од почетокот на 2020 година на околу 2,5 милијарди долари, што претставува околу 1 процент од глобалните финансиски средства. Околу 0,1 отсто од богатството на британските домаќинства е во биткоин и слични криптовалути, како што се етериум и бинанс коин. Дури 2,3 милиони луѓе поседуваат некоја криптовалута, во просек по околу 330 фунти секој од нив.

Промовирани огласи »

Тендерот за изградба на брз автобуски превоз, односно Бас рапид транзит (БРТ) е стопиран, јавува СДК.мк.

Имено, новата градоначалничка на Град Скопје по преземањето на функцијата најави дека нема да го подолжи овој проект, а сега истиот официјално е прекинат. 

Од нејзниот кабинет велат дека постапката е прекината и поради тоа не се пристигнати понуди.

„БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, велат од Град Скопје за СДК.мк.

Претходно, Арсовска рече дека скопјани преку референдум ќе изберат која е најдобрата опција како решение за јавниот превоз, односно дали го сакаат проектот предложен од претходниот градоначалник Шилегов за брз автобуски превоз (БРТ) или пак ќе се одлучат за нејзиниот предлог за 250 еколошки автобуси.

Инаку, БРТ системот, познат како „автобуско метро“ беше еден од клучните проекти што ги објави и почна претходниот менаџмент на градот под раководство на Петре Шилегов. 

Промовирани огласи »

Неработни денови за сите граѓани во нашата земја повеќе нема, но затоа има уште два неработни дена и тоа за Турците и Католиците во Македонија.

Прво ќе одмараат граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

А, потоа ќе одмараат и Kатолиците во земјава и тоа на 25 декември, прв ден Божиќ кој се паѓа во сабота.

Во наредната 2022 година следуваат нови неработни денови, а првиот ни доаѓа токму на 1 јануари кога ќе одмараат сите ѓраѓани на нашата земја.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (сабота), Нова Година,

• 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,

• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (вторник), Ден на Републиката,

• 8 септември (четврток), Ден на независноста,

• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),

• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »