Промовирани огласи »

Холандската амбасада во Скопје известува дека од 22 декември, соглансо новите правила, и вакцинираните ќе треба да прикажат негативен ПЦР-тест за влез во земјата.

Од 22 декември 00:01 па натаму, сите патници кои патуваат (назад) во Холандија надвор од Шенген/ЕУ треба да покажат негативен резултат од тестот, вклучително и оние кои се целосно вакцинирани или оздравени.

Ова исто така важи и за патници од земји со висок ризик и земји кои се на списокот на безбедни земји на ЕУ (вклучувајќи ја и Северна Македонија), се вели во соопштението на амбасадата.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

Промовирани огласи »

Важно е да останете позитивни на работа за да ја одржите вашата продуктивност. Понекогаш можеби е многу тешко да останете позитивни и да ја видите чашата полуполна. Меѓутоа, за да се однесувате професионално и да продолжите да ја работите својата работа, треба да научите како да го подигнете вашето расположение. Подолу можете да најдете неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат секогаш да бидете позитивни на работа.

Насмевнете се и кажувајте позитивни работи

Вистинската насмевка ќе му испрати на вашиот мозок позитивни сигнали, така што ќе почнете да ги гледате работите на позитивен начин. За да го задржите овој позитивен став, кажете работи како „звучи одлично“, „Би сакал“ и „благодарам“. Гледањето на доброто во работите и покажувањето ценење на другите ќе ви помогне да останете позитивни цел ден.

Градете односи со соработниците

Не мора да бидете најдобри пријатели со вашите соработници или да го знаете секој детал од нивниот живот. Меѓутоа, ако имате пријателски и почитуван однос со вашите соработници, менаџери и други, вашето работно место ќе изгледа попозитивно. Запомнете, ги гледате овие луѓе најмалку 40 часа неделно, што е повеќе отколку што ги гледате вашите вистински пријатели. Затоа, ако ги третирате на убав начин ќе ви го олесни животот.

Украсете го вашето биро

Поголемиот дел од времето го поминувате во канцеларија на вашето биро. Затоа, украсете го вашето биро со слики од најблиските, сувенири од местата што сте ги посетиле и мотивациони картички за мото. Можете да понесете и своја шолја за кафе, некои билки или постери од вашите омилени филмови. Ако го направите вашиот работен простор удобен и додавајќи свој допир ќе се чувствувате посреќни.

Промовирани огласи »

Преку 500 пристигнати апликации, темелен процес на селекција, 100 практиканти кои ја поминаа практичната обука од 3 месеци со искусни ментори - патека што доведе до зајакнување на тимот и млади надежи кои чекаат понатамошна обука во компанијата.

Како се започна?

Септември за повеќето е симбол на нови почетоци. За Quantox Technology, септември се случи порано, летово, кога беше донесена одлуката да за првпат се организира обука на значително поголем број практиканти од претходно и започна проектот „100 практиканти од цела Србија“.

Интересот за пракса беше огромен. Примени се над 500 апликации. Следеа часови и часови интервјуа со кандидатите, многу линии на код прегледани од ментори и технички координатори. Целиот тим за човечки ресурси, заедно со колегите регрутери, го спроведоа процесот на подготовка за почеток на обуката. Бројката од 100 практиканти значеше комплетно нов систем на селекција, интервјуа, подготовка и поставување на опрема, организација на ментори, следење на работата на кандидатите, евалуација, соодветна повратна информација и подготовка на извештаи. Тимот ментори сериозно ја сфати задачата како соодветно да ја препознае работата и посветеноста на практикантите и како да ги оцени според дадените критериуми.

Ким Новак, ментор

За време на праксата имав можност како ментор да го следам личниот и професионалниот развој на девет големи луѓе и програмери и воодушевена сум од нивната работа и напредок. Практикантите беа многу посветени на задачите и проблемите со кои наидоа, што резултираше да за 3 месеци направиме многу повеќе отколку што првично планиравме.

Повеќето од нив се приклучија на нашата компанија, што ме прави многу среќна и се надевам дека ќе имам можност да работам со нив на реални проекти.

Ваквиот голем потфат, со сите предизвици, даде одлични резултати. По 3 месеци обука, тимот на Quantox поттикна 67 одлични млади луѓе со потенцијал и желба за понатамошен напредок на ИТ пазарот. Новото засилување на тимот ќе продолжи со поинтензивна обука и развој - потешки задачи, индивидуалниот пристап и посветеност на менторите ќе ги подготват уште подобро за вистинските предизвици на ИТ пазарот денес.

Данило Маркиќевиќ, практикант

Многу сум задоволен од праксата и менторот. Мислам дека многу напредував и дека би ми било многу тешко да го научам сето ова што го поминавме тука за 3 месеци, дома сам. Менторот беше одличен, со одличен пристап и секогаш беше достапен за секој проблем при решавање на задачите.

Сметаме дека треба да се создадат и да се дадат можности. Свесни сме колку е важно младите денес да стекнат практично искуство и да се сретнат со вистински предизвици, а практичната обука е мост кој ги воведува во светот на реалните деловни предизвици и задачи кога е неопходно да се применат теоретски знаења во индустријата која се менува секој ден.

Започнавме во Србија, а денес тимови и развојни центри на Quantox Technology постојат во 7 земји и повеќе од 400 ИТ експерти работат на развој на софтверски решенија, мобилни и веб апликации за клиенти од различни индустрии ширум светот.

Промовирани огласи »

Новиот приватен авион Skyacht One е своевидна „јахта“ на небото. Веројатно никогаш не сте ни помислиле дека сето ова е возможно да го има во еден авион, но откако ќе ги погледнете фоготафиите ќе се уверите дека е вистинит.

Летечкага јахта е со кабина долга 4000 квадратни километри, ентериерот на луксузниот авион е инспириран од изгледот на внатрешноста во 30-те години.

Главната кабина располага со голема заедничка просторија, коктел бар, и телевизор.

Претседателската кабина има се што на една хотелска соба и е потребно: кревет, сопствена бања и тоалет.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »