Промовирани огласи »

Владата преку Министерството за внатрешни работи превзема мерки за справување со пиротехничките средства, а само во последните неколку дена се запленети над 30.000 парчиња пиротехника и приведени се неколку лица. МВР со засилени контроли и за новогодишните празници.

Ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот портпарол Душко Арсовски прашан за превентивните мерки за справување со пиротехнички средства. Арсовски потсети и на казните предвидени за прекршување на јавниот ред и мир.

Паралелно Министерството продолжува со превентивни активности за да се спречи употребата на овие средства. Во оваа прилика само потсетуваме на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир којшто во член 31 предвидува глоба во износ 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној којшто неовластено пука од ог*ено ор* жје, употребува пиротехнички средства или сличен екс п*озивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, информираше Арсовски.

Промовирани огласи »

Во однос на контролата за доследно почитување на Законот за недела неработен ден, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја потенцира улогата на Државниот инспекторат за труд, кој преку редовни и вонредни контроли ќе го следи почитувањето на законот и работничките права.

Таа посочи дека Законот предвидува и санкции за прекршителите. Работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена, а доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата која редовно ја примаат.

Изминатиот период особено се работеше на зајакнување на човечкиот капитал во Државниот инспекторат за труд, рече министерката, посочувајќи дека за време на пандемија биле извршени дополнителни 100 проценти вонредни инспекциски контроли во однос на почитувањето на протоколите и на работничките права. Изминатиот период Министерството заедно со претставници на работниците, државниот инспекторат за труд и невладините организации кои работат во областа на трудот, одржуваа редовни зум состаноци особени важни за директна комуникација на работниците и трудовите инспектори, со цел поголема заштита на работничките права.

Промовирани огласи »

ГОДИНА ПОЛНА СО НАСМЕВКИ

Да заокружиме една година со заеднички активности кои беа дел од соработката на НЕПТУН Македонија и СОС Детско село. Се дружевме на неформален начин, топ менаџмент се поврза со младите и волонтираше преку молерисување на младинска куќа , се спроведоа обуки за младите во правец на осамостојување, се опремија неколку куќи со бела техника.

Како заокружување на нашата стратешка соработка НЕПТУН Македонија делуваше во правец на мисијата на СОС Детско село: Топол дом и љубов за секое дете и реализареше финансиска донација со вредност од 420.000,00 денари.

НЕПТУН Македонија ја препоразнава работата на СОС Детско село и несебично во секое делување ќе ја покажуваме нашата подршка со посветеност која е резултат за одржливост. Заедно со СОС Детско село да ги менуваме животите на децата, младинците и семејства во ризик.

Стратешкото партнерство прераснува во соработка која се работи со многу љубов и посветеност, резултира со многу детски насмевки, реализирани млади и дадена втора шанса во животот.

Вистинска привилегија е што и нашата мала држава преку СОС Детско Село е дел од интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА.

Наша заедничка определба е да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »