Промовирани огласи »

Компанијата „Самсунг“ на конференцијата за технологија на дисплеи „Досплеј Вик“ во Калифорнија, ги претстави новите прототипи на ОЛЕД екрани, кои можат да се виткаат и растегнуваат.

Овие флексибилни екрани имаат големина од 9,1 инчи, а се враќаат во првобитната форма по секое развлекување. За разлика од другите флексибилни екрани кои можат да се свиткаат само во една насока, прототипот на „Самсунг“ може да се свитка до 12 милиметри во двете насоки. Иако тоа не звучи како спектакуларно виткање, „Самсунг“ досега направи најголем исчекор кога станува збор за развојот на флексибилни екрани.

Корејската компанија не соопшти кога официјално ќе почне да ги користи овие екрани на новите мобилни уреди.

На конференцијата во Калифорнија, „Самсунг“ го претстави и 5,09 инчниот стаклен ЗД ОЛЕД екран кој може да се употребува за уште подобро мултимедијално и ВР доживување. Проѕирните звучници звучат фасцинантно, но таа технологија на екрани се уште не е подготвена за масовно производство во блиска иднина.

Меѓу бројните производители на екрани кои ги покажаа своите најнови изуми, „Самсунг“ го претстави уште и 1,96 инчниот ЛЦД екран со висока резолуција.

Промовирани огласи »

Изградбата на најголемата фотонапонска постројка на светот е завршена во Кина.

Tаа е приклучена на локалната електроенергетска мрежа. Тоа е еден од чекорите на кинеската влада, критикувана заради емисијата на штетни гасови, во обидите да предводи во примената на системи за обновлива енергија.

Сместена во градот Хуинан, ова 40 мегаватна постројка ја направи компанијата Сунгров Пауер Саплај.

Самата пловечка мрежа на соларни панели е изградена над поранешниот, а денеска поплавен, рударски регион.

Соларните фарми стануваат сè попопуларни во светот заради единствениот дизајн, кој е ефикасен и решава проблеми на градското планирање.

Промовирани огласи »

Министрите за трговија на земјитре од ЕУ постигнаа договор околу строги еколошки правила за приватни возила.

Здруженијата за заштита на животната средина и потрошувачите не се задоволни и сметаат дека правилата имаат недостатоци.

После долги и макотрпни преговори, министрите за трговија на ЕУ постигнаа договор во Брисел околу тестирање на издувните гасови.

Во позадина на тој договор се манипулациите околу количините на штетни издувни гасови кај автомобилите со мотори на дизел погон кои веќе неколку години се присутни во јавноста.

Kрајно време е ЕУ да предложи оддржани системи за издавање на употребни дозволи за автомобили, рекла комесарка на ЕК за трговија Бјенсковска.

Комисијата ќе ги предлага правиалта, а контрола ќе спроведуваат самите земји членки. Комисијата ќе може да изрекува казни и до 30 илјади евра по автомобил. 

Промовирани огласи »

Со почетни цени од 899 евра започнува продажбата на станови во кулата Б во висококатниците на Џевахир во Аеродром.

Цените за апартманите во кулата Б се одлична понуда на пазарот на недвижнини во Македонија. Оваа цена вклучува дополнителни елементи кои не ги нуди никој на пазарот, а во исто време новите станари стануваат дел од првите функционални згради во државата, односно се дел од еден мини град, изјавија од Фортон, агенцијата за недвижнини одговорна за продажба на становите.

Во цената се вклучени вградените елементи во кујната, како и опремено бања, што е дополнителна вредност за секој купувач. Системот за греење и ладење значително ги намалува трошоците. Како дел од секојдневието на секој сопственик на стан во функционалниот комплекс влегува и организирано домување кое вклучува 24часовна рецепција, обезбедување и одржување на просторот. Во рамките на комплексот има базени, турска бања и спа, фитнес центар, како и игротеки за децата и поврзаност со трговскиот центар. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »