Промовирани огласи »

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 65,5 денари за литар исто како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со одлуката на РКЕ за 0,850 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,21 денар.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,218 отсто и кај дизелот во просек за 3,934 отсто, како и за околу 0,217 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.  

Промовирани огласи »

Кога Роџер Дадинг купил речиси нов Jensen FF во 1968 година, малкумина мислиле дека половина век подоцна сè уште ќе го поседува.



Заедно со уште два нови, плус повеќе од 400 други класични автомобили и околу 65 мотори. Купувајќи се што му е потребно, Роџер ја  изградил, како што тврди, најголемата колекција на автомобили во Англија. Таа е наречена Студио 434 и не е отворена за јавноста.

Во прилог имаме дел од неговата колекција:

Промовирани огласи »

Почнувајќи од вторник, 4 јануари, компанијата ќе престане со поддршка нa своите класични уреди со BlackBerry 10, 7.1 OS. Ова значи дека сите постари уреди кои не се со Андроид ОС, нема да можат да користат податоци, да испраќаат текстуални пораки, да пристапуваат до интернет или да остваруваат повици.

BlackBerry (BB) е надвор од конкуренцијата во смартфони од 2016 година, но со текот на годините продолжи да го лиценцира својот бренд вклучувајќи го иTCL, а исто така и од неодамна OnwardMobility кои работат на софтвер Андроид. 

Старите модели на  BlackBerry со физичка тастатура од доцните 1990-ти и раните 2000-ти некогаш беа толку популарни луѓе што ги нарекоа „CrackBerry“. Тастатурата им се допадна на професионалците кои сакаа флексибилност да работат надвор од канцеларија со некои од алатките што ги користеа на десктоп компјутер.
 

Промовирани огласи »

По подолго време повторно е пуштена во употреба Жичарницата на Водно. 

Доколку сакате на уживате во убавините на Водно и да го погледнете Скопје од птичја перспектива, возењето со Жичарницата е одлична можност за тоа. 

Жичарницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последен вторник во месецот, од 10 до 17 часот.

Повратен билет за возрасни чини 100 ден, а 50 денари е билет за деца, а деца до 6 год имаат право на бесплатен превоз. 

Протоколот за користење на Жичарницата во услови на Ковид-19, меѓудругото, предвидува во кабина да се дозволи превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска.

Жичарницата се движи со брзина од 6 метри во секунда. Вкупниот капацитет на жичницата е 1160 патници на час. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »