Промовирани огласи »

Во Франција откриена нова варијанта на ковид-19

Научниците се загрижени поради појавата на нова варијанта на коронавирус во јужна Франција

Во Франција е откриен нов сој на коронавирусот. 

12 пациенти во ист регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“.

Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, затоа што првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации во оваа варијанта која го добила името Б.1.640.2.

Неговото присуство први го открија експерти на „IHU Mediterranee Infection“ во Марсеј. Претходно овој месец тие на својот Твитер објавија дека откриле нова варијанта кај пациенти со ковид. Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира. 

Промовирани огласи »

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН - богатството на Илон Маск се зголеми за цели 32,6 милијарди долари

Акциите на Тесла поскапеа вчера, на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза оваа година, за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција

Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла. 

Овие податоци доаѓаат од рангирањето на милијардерите според списанието Форбс.

На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога првпат во историјата неговото богатство надмина 300 милијарди долари.

Маск беше најбогат човек на планетата и пред подемот на Тесла. Сега, сепак, неговото богатство ја зголеми разликата со она на неговиот најблизок ривал во бизнисот, извршниот директор на француската групација на компании ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернар Арно, чие богатство изнесува 200,6 милијарди долари.

Акциите на Тесла поскапеа вчера, на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза оваа година, за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година.

Компанијата на Маск испорача 936.172 електрични возила на клиенти, што е зголемување од 87 проценти во споредба со 2020 година.

Промовирани огласи »

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Денот пред Божиќ е неработен ден!

Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Од МТСП им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед.  

Тагови: бадник

Промовирани огласи »

NASA објави ново видео од површината на Марс, снимано од роверот Perseverance, кој во моментот ја истражува геологијата на кратерот Jezero на Црвената планета.

 NASA со ново видео од Марс снимано од роверот Perseverance

Роверот слета во кратерот Jezero на 18 февруари, 2021 година, со мисија за трагање по знаци на историскиот живот на Марс и со собирање на примероци што дополнително ќе бидат испратени на Земјата. Научниците на NASA истакнуваат дека дотичниот кратер е одличен за истражување, затоа што милијарди години порано имало област со големо езеро и делта река што се вливала во него. 
 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »