Промовирани огласи »

Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла. 

Овие податоци доаѓаат од рангирањето на милијардерите според списанието Форбс.

На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога првпат во историјата неговото богатство надмина 300 милијарди долари.

Маск беше најбогат човек на планетата и пред подемот на Тесла. Сега, сепак, неговото богатство ја зголеми разликата со она на неговиот најблизок ривал во бизнисот, извршниот директор на француската групација на компании ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернар Арно, чие богатство изнесува 200,6 милијарди долари.

Акциите на Тесла поскапеа вчера, на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза оваа година, за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година.

Компанијата на Маск испорача 936.172 електрични возила на клиенти, што е зголемување од 87 проценти во споредба со 2020 година.

Промовирани огласи »

Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Од МТСП им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед.  

Промовирани огласи »

NASA објави ново видео од површината на Марс, снимано од роверот Perseverance, кој во моментот ја истражува геологијата на кратерот Jezero на Црвената планета.

Роверот слета во кратерот Jezero на 18 февруари, 2021 година, со мисија за трагање по знаци на историскиот живот на Марс и со собирање на примероци што дополнително ќе бидат испратени на Земјата. Научниците на NASA истакнуваат дека дотичниот кратер е одличен за истражување, затоа што милијарди години порано имало област со големо езеро и делта река што се вливала во него. 
 

Промовирани огласи »

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на Република Северна Македонија. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на Република Северна Македонија.

Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји -Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.

Моментално има слободни работни места на следниве позиции:

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

ОПЕРАТОР ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ-СКОПЈЕ 

ТИМ ЛИДЕР - ФИЛИЈАЛА СВЕТИ НИКОЛЕ 

AГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА - РАДОВИШ 

AГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА -ОХРИД 

AГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА -КИЧЕВО 

AГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА -СТРУГА 

AГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА - КРИВА ПАЛАНКА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »