Промовирани огласи »

Проектот Мој ДДВ нема да се укине, вели  директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска. 

Таа вели дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Рече дека и натаму ќе го унапредуваат овој проект. 

Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката, така што ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка, рече Лукаревска. 

Овој проект е воведен со цел да се намали сивата економија. Тој стартуваше на 1 јули 2019 година. 

Промовирани огласи »

Развод во Грција може да се добие онлајн. 

Преку дигиталниот портал на јавната администрација, меѓу останатите документи што Грците можат да ги вадат онлајн, веќе е вклучена можноста и за добивање развод. Тоа може да се реализира ако постои согласност од двете страни. Конкретната одлука е веќе објавена во Службен весник на Грција, а предвидено е двете страни преку нивните адвокати, електронски да го прекинат бракот, процедура што ќе трае само десет дена и без да биде потребна посета на суд. Во Грција деновиве имаше високи бројки на заразени со коронавирусот. 

Промовирани огласи »

Кренете рака ако ја сакате идејата да заработувате дополнителен приход или да се откажете од канцеларискиот живот за да научите како да заработувате пари од дома.

Еве некои од најдобрите начини да заработите пари од дома:

1. Airbnb домаќин
Дали имате дополнителна соба во куќата или пак цел апартман? Обидете се да ги изнајмувате на Airbnb.com.

2. Дадилка

Ако сакате деца, може да поминете неколку часа неделно во чување деца.

3. Писател, едитор или коректор

Сите велат дека сте фантастичен писател, па зарем не е време да го искористите талентот за добивање плата, особено за онлајн содржини. Постојат голем број веб-страници за пишување за да најдете хонорарна работа.

4. Онлајн курс

Ако ви оди добро на факултет, лесно е да помислите дека и на сите други им е така, но вистината е дека многу луѓе се борат за положување на голем дел од предметите.  Можете да заработите со тоа што ќе им помогнете и ќе ги научите што знаете преку онлајн курс.

5. Социјални мрежи

Сите ние секојдневно поминуваме многу време на социјалните мрежи – Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, Твитер, а листата продолжува. Ако сте навикнати да добивате многу лајкови или коментари, или ако сте одлични во мотивирањето на другите преку вашите објави, можеби ќе сакате да размислите да го претворите ова во професија.

Промовирани огласи »

Во Франција е откриен нов сој на коронавирусот. 

12 пациенти во ист регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“.

Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, затоа што првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации во оваа варијанта која го добила името Б.1.640.2.

Неговото присуство први го открија експерти на „IHU Mediterranee Infection“ во Марсеј. Претходно овој месец тие на својот Твитер објавија дека откриле нова варијанта кај пациенти со ковид. Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »