Промовирани огласи »

Бугарија задутре целосно ги затвора границите и за македонските државјани. 

Одлуката е донесена поради влошената епидемиолошка ситуација во Бугарија и во Европа. Се работи за забрана за влез за сите таканаречени не-есенцијални патувања, а исклучок ќе има за медицинските лица, хуманитарните работници, студентите, лицата со регулиран престој, делегациите.

Македонското Министерство за надворешни работи објави дека е во постојана комуникација со надлежни институции во Бугарија и колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

Министерството ги предупреди граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи, со цел да не се доведат во ситуација да бидат вратени од страна на пограничните власти во Бугарија.

Информираме дека до стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод, и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените не-есенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест, и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Во било кој случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети, и тие исто така ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува 10 дневен карантин, информираат од МНР.

Во скоро сите европски земји расте бројот на заразени со омикрон. 

И во Македонија со денови има најмалку 1.000 заразени. 

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести не предложи одложување на стартот на второто полугодие, дознава и пренесува ТВ21 неофицијално.

За оваа тема ќе се дискутира и на владината седница која е закажана за во 14 часот, по што ќе има конечна одлука.

Инаку, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

Промовирани огласи »

Мајкрософт Корп (MSFT.O) во четвртокот соопшти дека ќе престане произведува конзоли Xbox One, бидејќи сака да се фокусира на производство на конзоли од следната генерација.

Фокусот на Microsoft е на последната генерација на Xbox, затоа што уште во текот на летото, 2020 година го прекина производството на моделот Xbox One X и дигиталната верзија на Xbox S, но продолжи со производството на класичната верзија на моделот One S.

Исто така Microsoft се соочува со недостиг на полупроводнички микрочипови, што предизвикува доцнење во испораката нa производите.
 

Промовирани огласи »

Функција Walkie Talkie на Microsoft Teams ќе биде општо достапна за сите корисници од денес. Walkie Talkie им овозможува на корисниците на Microsoft Teams да ги претворат паметните телефони или таблети во воки-токи што ќе работи преку мобилни податоци или Wi-FI.
 

Оваа функција беше најавена пред две години. Во септември 2020 година се појави за на „Андроид“, а сега е достапна и за мобилните уреди „Zebra“, како и за „iPhone“ и „iPad“.

„Apple“ исто така има своја опција слична на „воки-токи“, од 2018 година, преку „Фејстајм аудио кол“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »