Јапонецот Шоџи Моримото три години живее од тоа што бил ангажиран од луѓе за да не прави ништо.Тој за Си-Би-Ес изјавил дека неговото семејство и колегите цел живот му велеле дека е мрзелив, да не живее така и дека нема да постигне ништо во животот, но не се грижел за тие коментари.
Уште во 2018 година имал идеја да не прави ништо и да го претвори тоа во професија. Своите услуги ги понудил преку интернет.
"Напишав дека не чистам, не сум тука за разговор, само сум тука. И луѓето почнаа да ми се јавуваат", започнува Јапонецот.
Моите услуги ги користат луѓе кои се плашат сами да одат до продавница, луѓе кои се срамат да се појават некаде без придружба, луѓе кои само сакаат да седат со некого на пијачка. Многу сум зафатен, имам три термини дневно, додаде тој.
Открива дека секоја недела седнува на кафе со девојка - и тоа е тоа.
Не разговараме. Само седиме и тоа и` е доволно, вели Шоџи. Поради неговата неработливост, тој станал популарен во Јапонија, а за неговите услуги наплаќа околу 100 долари по состанок.
Бил повикан и да помогне во чистењето на куќа, да биде пријател или да пере алишта, но тој одбил бидејќи не сакал да работи. Но, овој Јапонец стоел на студ за да биде публика на уличен музичар, им правел друштво на луѓе кои не сакале да одат сами во шопинг и го поминал својот роденден со луѓе кои во тоа време биле сами.
Попатно има напишано четири книги, а додека не пишува, времето го поминува со непознати. Една вечер пиел со 44-годишната Тамами Мијазаки.
Кога излегуваш со друиштво ,треба да се грижиш дали им се допаѓа кафулето или не. Но, кога вработувате некого, тој само вели да или не. Тоа е помалку драма отколку излегувањето со пријател, изјавила Тамами, додека Шоџи додава дека ништо не е повеќе забавно отколку да не правиш ништо“.