Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи работникот може да склучи договор за вработување со полно и неполно работно време.

Работниците кои склучиле договор за вработување со полно работно време не смеат да работат подолго од 40 часа неделно, а не помалку од 36 часа, но во одредни случани во некои професии, како полно работно време може да се смета и работно време под 36 часа неделно.

За работните места кај кои постои поголема опасност од повреди или здравствени оштетувања, со колективен договор на ниво на работодавач, полното работно време може да трае помалку од 36 часа неделно.

На работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје, односно работна способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност, во согласност со закон и колективен договор. При остварување право на плата и другите права од работен однос, скратеното работно време се изедначува со полното работно време.

Како особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи се сметаат: особено тешка физичка работа; работа под зголемен атмосферски притисок; работа под зголемена бучавост; работа во вода или влага; работа изложена на јонизирачки зрачења; работа со болни од заразни болести и со заразни материјали; работа на хируршки интервенции во операциони сали; работа во областа на психијатријата; работа со лица со најтешки пречки во психичкиот развиток; работа во судска медицина и патолошка анатомија; работа со нагризувачки материјали; работа на летачки персонал; балетски изведби; музичари на дувачки инструменти;играорци и оперски солисти; работа во близина на напон или под напон и работа на височина или длабочина.

Одобрение за работа со скратено работно време  дава министерот надлежен за работите од областа на трудот, врз основа на претходно прибавено мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот.Барање за покренување на постапка за добивање на одобрение за работа со скратено работно време може да поднесе работникот или синдикалната организација до работодавачот.Здравствената установа која врши дејност медицина на трудот и инспекцијата на трудот мислењето  го доставуваат врз основа на претходно изготвен и доставен елаборат од работодавачот.

Барање за добивање одобрение за работа со скратено работно време поднесува работодавачот до министерството надлежно за работите од областа на трудот.Кон барањето за добивање одобрение  работодавачот доставува мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот. Доколку инспекцијата на трудот утврди дека постојат услови , со решение ќе му нареди на работодавачот да покрене постапка за утврдување на скратено работно време.

Работникот кој работи на работи кои се особено тешки, напорни и штетни по здравјето не смее да работи на тие работи прекувремено, ниту може да се вработи кај друг работодавач на истите работи, за времето за кое работи со скратено работно време.

Промовирани огласи »

Цената или бројот на пари кои треба да ги употребиме за да купиме нешто, е многу важен сегмент од живеењето на секој човек.

Исто така, цените имаат голема улога во секој бизнис. Но, исто така може да претставуваат и основа за многу грешки

Како да знате дека сте одредиле вистинска цена за вашата услуга или производ?

Оваа прашање е едно од омилените на претприемачите и тие секојдневно размислуваат за ова. Во последно време, ситуацијата е не предвидлива и многу луѓе не знаат со колку пари располагаат во текот на месецот и во споредба со минатото постојано размислуваат за тоа колку ќе потрошат или заштедат. 

Секако, тука се и конкурентите кои се главен репер за оформување на цените на пазарот.

Експертите предупредувааат, дека цената не е единствениот параметар по кој се водат потрошувачите и дека потрошувачката може да биде намалена или зголемена и заради други аспекти. Можеби има нов производ со поголема вредност, можеби се појавила поиновативна компанија на пазарот која започнува да зема дел од колачот, може да биде слабиот маркетинг, продажен тим кој не е на ниво на задачите или пак нешто друго.

Одбивање на купување од страна на купувачот може да не биде цената. На пример, купувачот одбива да купи доколку смета дека производот не му треба, дека нема да му ги реши проблемите, доколку не е сигурен за она што ќе го добие и така натаму.

Цените на конкуренцијата не смеат да бидат основа за компарирање и утврдување на вашите цени. Помала цена, може да перцепира и помала вредност па затоа претприемач

Според експертите ова се најважните сегменти како да оформите вистинска цена:

  • Бидете сигурни за вредноста што ја нудите.
  • Пред да започнете да дискутирате за цената проценете ја вредноста на понудата.
  • Добро утврдете ја вашата понуда и вредноста на истата.
  • Разговарајте со купувачите, за тоа што тие го сакаат, што вреднуваат и како вашата понуда им помага во нивниот живот.
  • Фокусирајте се на резултатите од вашите напори.
  • Бидете сигурни дека не губите со одлуките кои ги носите во однос на цените.
  • Цените се под влијание на многу повеќе фактори отколку што можете да замислите. Добро истражете ги сите тие фактори и опции кои ги имате.

Промовирани огласи »

Ако забележите оглас за работа кој изгледа како да е напишан за вас, но ако имате повеќе од 40 години, еве како да ја добиете работата и да го привлечете вниманието на работодавецот. 

Пофалете се со  вашето искуство со што ќе знаат дека од вас ќе имаат бенефит. Одговарајте на сите прашања затоа што лицето кое ве интервјуира ги знае само оние работите кои сте ги напишале во CV-то. 

Никако немојте да ги криете вашите години. Тоа нема да ви помогне во процесот на селекција. Ако не ги кажете годините, само непотребно ќе побудите сомнеж кај работодавецот. Ќе морате да ги бирате огласите и нема да се пријавувате на оние каде се бараат млади луѓе кои се на почеток од својата кариера. 

Покажете дека сте подготвени да учите нови работи. Учењето е секогаш во мода, без ралика во која доба од животот сте. Секогаш ќе имате плус ако имате некој сертификат или ако познавате работа во некој специфичен програм. 

Немојте да бидете скромни и истакнете ги своите предности. 

Бидете ведри, позитивни и енергични. 

Промовирани огласи »

Генералниот директор на “Неуромедика” Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа  (SEE a Paris – South-East European Film Festival 2017). Реномираната манифестација се одржa од 31.05-03.06 во Париз во престижниот “Theatre Le Palace”. Организаторите на фестивалот ова признание на Д-р Емил Угриновски му го доделуваат за заслуги и достигнувања од областа на бизнисот, медицината и како особен придонес за европеизација на земјите од Југоисточна Европа.

Во рамки на доделувањето Д-р Емил Угриновски беше почесен гостин на симпозиумот во склоп на фестивалот “Eвропеизација на Балканот и балканизација на Европа” каде имаше кратко излагање по покана на Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите.

Д-р Емил Угриновски е најмлад добитник на оваа заслуга, а досегашни добитници на овие признанија се и Бранислав Мичуновиќ министер за култура на Црна Гора, актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски, бизнисмените Трифун Костовски, Силјан Мицевски и Живко Мукаетов. Покрај Д-р Емил Угриновски оваа година признанија добија Душан Макавејев од Србија за заслуга “Легенда на ЈИЕ” и Јон Карамитру од Романија со заслуга за “Актер на ЈИЕ”.

Признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година му го доделија Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите и Јордан Плевнеш, ректор на ЕСРА, член на Академија на науките, уметностите и книжевностите и поранешен амбасадор.

За “Неуромедика” и Д-р Емил Угриновски ова е трето признание за една година, во октомври 2016 наградите “Најдобра болница” и “Менаџер на годината” од страна на “Europe business assembly” и награда “Stubrand 2017”, Прв избор на студентите кога станува збор за здравствена заштита и прва приватна болница сертифицирана како STUBRAND во Македонија.

Оваа заслуга е резултат на мојата долгогодишна посветеност на отворената соработка помеѓу бизнис секторите во државите во Југоисточна Европа. Веќе 25 години со многу ентузијазам и енергичност посветен сум на унапредување на здравстевениот и бизнис секторите во мојата држава Македонија, а нашите практики и методи веќе долго време ги споделуваме и со повеќе земји од Балканот. Огромно задоволство ми претставува тоа што жирито кое го доделува ова признание е составено од врвни уметници и интелектуалци кои несомнено имаат значителен придонес во напредокот на културата и соработката помеѓу земјите во Југоисточна Европа. Јас како најмлад добитник на оваа заслуга си земам за задача и во иднина да продолжам активно да работам на ширење на позитивни културни, општествени и бизнис вредности низ земјите од Југоисточна Европа. Признанието го добивам во вистинско време во најзначајната година на мојата бизнис кариера, кога славиме 25 години Неуромедика и отворање на новата болница Неуромедика во центарот на Скопје кое е закажано на 28-ми јуни 2017, истакнува Д-р Емил Угриновски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »