Промовирани огласи »

АД ЕСМ од 21 јануари ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север за што претходно на седница одлука ќе донесе Владата, потврди министерот за економија Крешник Бектеши.

Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа  е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Во пресрет на корисниците ќе излеземе преку ЕСМ, а не преку БЕГ, како што беше претходно најавено, имајќи предвид дека не се вклучија општините и Градот Скопје за да помогнат во оваа ситуација. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Тој нагласи дека одлуката ЕСМ по 21 јануари да го преземе управувањето со компаниите произлегува од уредбата која беше усвоена од страна на Владата на предлог на Министерството во текот на минатата недела.

Најверојатно од 21 јануари снабдувањето, производството и дистрибуцијата на топлинска енергија ќе биде преземено од страна на ЕСМ, согласно договорот за деловно техничка соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ, за време кое треба да го утврдиме до четврток, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Прашан колку пари ќе бидат неопходни за да се надмине кризата во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, Бектеши рече дека калкулациите за неопходните шест милиони евра за надминување на состојбата се направени врз основа на берзанските цени на природниот гас за јануари.

Сега ги очекуваме понудите за февруари и март и согласно тие проекции и постојната формула на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и ЕСМ ќе се направат соодветните калкулации, прецизира Бектеши.

Тој истакна дека долговите што ги прават БЕГ и АД Скопје Север кон АД ТЕ-ТО и Макпетрол за снабдување со гас во изминатите неколку дена заклучно со 21 јануари ќе треба да си ги решат сами приватните компании со меѓусебни договори за одложено плаќање или на некој друг начин.

Од 21 јануари натаму се до денот до кога ќе управува ЕСМ со БЕГ и Скопје Север тоа ќе биде обврска на ЕСМ да ги води сите постапки и да ги надмирува сите обврски, но истовремено и да бара од нивна страна испорачување на тоа што е договорено. Немаме намера да ги преземеме обврските што ги имаат до 21 јануари, а од 21 натаму кога ЕСМ ќе управува со снабдувањето, дистрибуцијата и производството на топлинска енергија согласно договорот, кој во четврток треба да се потврди на седница на Владата, ќе си ги преземе обврските, рече Бектеши и додаде дека сите обврски што ги има БЕГ до 21 јануари ќе си останат нивни обврски.

Во четврток, потенцира тој, најверојатно ќе има нов договор меѓу ЕСМ, БЕГ и Скопје Север за кој јавноста навремено ќе биде информирана. Најверојатно, додаде Бектеши, од 21 јануари ќе има парно греење до 1:00 часот по полноќ со минимум 20 плус еден степен Целзиусов.

Прашан кој ќе одговара за настанатата ситуација со греењето во Скопје, министерот за економија посочи дека веќе има постапки во Обвинителството за издавањето на лиценците за БЕГ во 2012 година, а за обврските што ги има согласно дадената лиценца мерки ќе преземе РКЕ во моментот кога ќе биде потребно. РКЕ, како што нагласи министерот, може да провери дали БЕГ имал резерви мазут за 15-дневна работа како што произлегува од обврската од Законот за енергетика.

Државните институции целосно се подготвени да се справуваат со енергетската криза. Затоа во Буџетот за 2022 година се предвидени ставки да им излеземе во пресрет и во случај ако има дополнителна здравствена криза истовремено и економска енергетска криза. За тоа се предвидени речиси 100 милиони евра и дополнително 30 милиони евра во друга ставка од каде можат да се користат овие средства. Таа ставка е наведена во одлуката што ја донесе Владата, посочи тој. 

Промовирани огласи »

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија, како што информираат од ССМ, одржало вонредна седница на која било расправано за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, како и за средбата што на 20 јануари треба да се одржи во Владата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари, односно таа да не биде под 60 отсто од просечната плата, со задолжително скалесто усогласување - зголемување на останатите плати согласно Законот за минимална плата  и утврдување на право на регрес за годишен одмор за јавен сектор.

Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на ‚газдите' да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат, се вели во соопштението од Синдикатот.

ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.“

Правото, ден на неделен одмор да биде недела е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата, и тоа е излезено вон Службен весник во декември 2021 година, што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат, велат од Синдикатот.

Оттаму тврдат дека милиони денари на работниците (кои работеле во недела без никакви ограничувања, а не биле плаќани за тоа) завршувале во џебовите на „газдите“ се причината за иницијативата поднесена од нивна страна до Уставниот суд.

„На пример, само за 8 отсто од работниците кои согласно Законот за работните односи и Законот за теговија би работеле во денот недела согласно податоците на ДЗС-АРС за третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796.671 лица, 63 734 лица  се вработени. 

Доколку сите 63.734 работници, односно 8 отсто, работат во ден недела, дневницата за работа во недела на минималната плата од 15.194 денари ќе им изнесува 1.140 денари, (760 + 50 отсто), ќе треба да им исплатат вкупно 72.656.760 денари на работниците, односно ако ги работат сите четири недели во месецот, работодавачите треба да им исплатат 290.627.040 денари на работниците. 

Доколку работниците примаат просечна плата од 29.145 денари, дневницата изнесува 2.1860 денари (1.457 +50 отсто) треба да им се исплати 139.322.524 денари, односно ако ги работат сите четири недели во месецот треба да им се исплати 557.290.096 денари.

Во пресметките не се вклучени придонесите кои треба да се уплатат на Државата“, пишуваат од синдикатот.

Тиа прашуваат како ако досега овие средства останувале во џебот на овие исти „газди“ кои поведуваат иницијатива поради тоа што работниците им работеа во недела без додаток на плата, тие се на работ на егзистенцијата, а не е работникот.

Излезот од оваа ситуација ќе биде излегување на работниците со нас синдикатите на  улица и блокирање на се преку штрајкови и протести, а доколку работодавачите не ја сфатат пораката и останат на ваквите неразумни ставови ќе мораат да се обратат на друга адреса за работници бидејќи куферите на работниците им се спакувани, ваквиот однос на работодавачите кои сметаат дека имаат робови, а не работници претставува карта во еден правец надвор од джавата, па тогаш овие ‚големи газди' сами со своите семејства ќе си работат во нивните бизниси, поради тоа што без работници нема трговија, нема здравство, нема индустрија, без работникот ништо нема да работи, велат од ССМ.

Промовирани огласи »

Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Најголем дел од одобренијата, 137, се во Скопскиот регион. Во општина Карпош се издадени 39 одобренија, во Сарај 16, по 12 нови дозволи има во Центар и во Бутел, по 11 во Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Чучер Сандево.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9.580.435.000 денари, што е за 398,5 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, ветерна електрана во Југоисточниот регион, појансуваат од ДЗС.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 (61,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 43 (10,6 проценти) од нискоградба и 115 (28,3 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 406 објекти, на 235 (57,9 проценти) како инвеститори се физички лица, а на 171 (42,1 проценти)  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.284 станови, со вкупна корисна површина од 100.799 метри квадратни. Најмногу се во Скопскиот регион, 953, од кои 598 во Аеродром, 96 во Чаир, 93 во Карпош, 46 во Кисела Вода, 31 во Центар… Зад Скоспкиот по број на предвидени станови е Полошкиот со 148, од кои 69 во Тетово и 59 во Гостивар. Во Југоситиочниот, пак, се предвидени 74 станови, во Југозападниот 49, во Вардарскиот 26, Пелагонискиот 17….

Промовирани огласи »

Peugeot потврди дека следната година ќе ja лансира чисто електричната верзија на новиот хечбек 308, кој ќе влезе во битка со моделите како Volkswagen ID.3 и Cupra Born.
 


Новиот e-308 ќе биде, заедно со претстојниот Vauxhall Astra-e, првиот целосно електричен патнички автомобил што ќе биде достапен на Stellantis EMP2 платформата и првиот автомобил од групата Stellantis со чисто согорување, приклучок хибридна или чиста електрична енергија, кога ќе пристигне во јуни 2023 година.

208 и 2008 имаат батерии од 50 kWh и електричен мотор од 134 КС, но e-308 ќе се напојува од поголема батерија од 54 kWh и помоќен мотор од 154 КС. Peugeot вели дека системот ќе понуди максимален опсег од повеќе од 400 километри. Променет е и составот на батеријата, што би можело да донесе подобрувања како побрзо време на полнење – иако Peugeot допрва треба да ги потврди сите технички детали.

Сепак, електричната технологија ќе ги зголеми цените. Во моментов, најевтиниот бензинец 308 е 24.000 фунти, но електричната верзија може да чини дури 34.000 фунти додека да стигне до салоните.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »