Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија, како што информираат од ССМ, одржало вонредна седница на која било расправано за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, како и за средбата што на 20 јануари треба да се одржи во Владата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари, односно таа да не биде под 60 отсто од просечната плата, со задолжително скалесто усогласување - зголемување на останатите плати согласно Законот за минимална плата и утврдување на право на регрес за годишен одмор за јавен сектор.
Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на ‚газдите' да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат, се вели во соопштението од Синдикатот.
ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.“
Правото, ден на неделен одмор да биде недела е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата, и тоа е излезено вон Службен весник во декември 2021 година, што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат, велат од Синдикатот.
Оттаму тврдат дека милиони денари на работниците (кои работеле во недела без никакви ограничувања, а не биле плаќани за тоа) завршувале во џебовите на „газдите“ се причината за иницијативата поднесена од нивна страна до Уставниот суд.
„На пример, само за 8 отсто од работниците кои согласно Законот за работните односи и Законот за теговија би работеле во денот недела согласно податоците на ДЗС-АРС за третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796.671 лица, 63 734 лица се вработени.
Доколку сите 63.734 работници, односно 8 отсто, работат во ден недела, дневницата за работа во недела на минималната плата од 15.194 денари ќе им изнесува 1.140 денари, (760 + 50 отсто), ќе треба да им исплатат вкупно 72.656.760 денари на работниците, односно ако ги работат сите четири недели во месецот, работодавачите треба да им исплатат 290.627.040 денари на работниците.
Доколку работниците примаат просечна плата од 29.145 денари, дневницата изнесува 2.1860 денари (1.457 +50 отсто) треба да им се исплати 139.322.524 денари, односно ако ги работат сите четири недели во месецот треба да им се исплати 557.290.096 денари.
Во пресметките не се вклучени придонесите кои треба да се уплатат на Државата“, пишуваат од синдикатот.
Тиа прашуваат како ако досега овие средства останувале во џебот на овие исти „газди“ кои поведуваат иницијатива поради тоа што работниците им работеа во недела без додаток на плата, тие се на работ на егзистенцијата, а не е работникот.
Излезот од оваа ситуација ќе биде излегување на работниците со нас синдикатите на улица и блокирање на се преку штрајкови и протести, а доколку работодавачите не ја сфатат пораката и останат на ваквите неразумни ставови ќе мораат да се обратат на друга адреса за работници бидејќи куферите на работниците им се спакувани, ваквиот однос на работодавачите кои сметаат дека имаат робови, а не работници претставува карта во еден правец надвор од джавата, па тогаш овие ‚големи газди' сами со своите семејства ќе си работат во нивните бизниси, поради тоа што без работници нема трговија, нема здравство, нема индустрија, без работникот ништо нема да работи, велат од ССМ.