Промовирани огласи »

Главниот извршен директор на една од најуспешните мултимилионски компании Gary Vaynerchuk објаснува што правеше на 20-годишна возраст за да доживее успех во своите 30-ти.

Тој во меѓувреме стана еден од најследените мотивациски едукатори на You Tube и стана role model на многу млади луѓе низ светот.

Во периодот на неговите 20-ти Gary Vaynerchuk работел навистина многу. Единственото прашање кое му го поставуваат сите претприемачи од светот е - Како да постигнат успех како неговиот?

 Во неговите 30-ти години од животот драстично го зголемил приходот на фамилијарниот бизнис со вино во Њу Џерси од околу $3 милиони годишен приход до $60 милиони.

Тој е автор на претприемачкиот бестселер "Crush it", и ja отворил VaynerMedia, од која тој очекува приход од повеќе од $125 милиони оваа година. Една новинарка го прашала: "Што направивте во вашите 20ти години од животот за да направите огромен успех во вашите 30-ти?"

Работев дење и ноќе и го учев занаетот со цело срце и посветеност, одговори Vaynerchuk. Тој додаде: Еве ќе ви дадам добар пример: Навистина нема многу млади луѓе кои може да се пофалат со тоа дека работеле секоја сабота во тој период од својот живот. Јас работев околу 50 до 52 саботи во една година, од 22 до 29, додека не се сретнав со мојата сопруга и не почнав да градам одредено ниво на рамнотежа работа-живот.

Тоа е навистина тешка работа. Сите мислат дека сум само мотивациски YouTube едукатор со милиони следбеници. Всушност, пред да станам едукатор поминав многу работи - мојата единствена порако до сите кои сакаат да успеат е никогаш да не престанат да работат и да се трудат.

Вистински успешните луѓе се оние кои никогаш не застануваат посебно не во нивната младоста, за да бидат успешни понатаму во животот.

Моите најважни работи во животот како успешен човек се:

  • Никогаш не ми беше важно што ми кажуваа родителите и професорите - се водев по моите замисли и идеи
  • Секогаш сакав да ги победам сите - дури и моите најблиски пријатели
  • Никогаш не му завидував на никого
  • Имав , навистина многу трпение за се во врска со работата која ја работев

Промовирани огласи »

Брендирањето е еден од најважните аспекти на секој бизнис, големи или мали. Ефикасна брендинг стратегија ви дава голема предност на многу конкуретниот пазар. Што всушност е брендирање на една компанија?

Едноставно кажано, вашиот бренд е ветување за вашиот клиент. Тоа им кажува што да очекува од вашите производи и услуги, и  како вашата компанија ќе се разликува од вашите конкуренти. Вашиот бренд е изведен од тоа кои сте вие, што сакате да бидете и како сакате да ве гледаат потрошувачите.

Темел на вашиот бренд е вашето лого. Вашиот веб-сајт, пакување и промотивни материјали -  се местата каде што треба да се интегрира вашето лого.

Како се оформува успешниот бренд? Дефинирање на вашиот бренд е како патување. Тоа може да биде тешко, одзема многу време и многу фокус.

За да се оформи бренд, основни прашања кои треба да си ги поставите се следните:

1. Која е мисијата на вашата компанија?

2. Кои се придобивките и карактеристики на вашите производи или услуги?

3. Што прават вашите клиенти и потенцијални клиенти?

4. По што сакате да ја препрознаваат вашата компанија?
 

Промовирани огласи »

Цените на роамингот во регионот, во Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија, повторно ќе се намалат од први јули, изјави директорот на  Регулаторната агенција за електронски комуникации (РАТЕЛ), Владица Тинтор.

Тинтор на четвртиот собир на оператори на телекомуникациски услуги потсети дека пред околу три години е потпишан договор меѓу четирите земји за спроведување специјална цена за роамингот.

Промовирани огласи »

Долниот дом на Парламентот во Романија со мнозинство гласови го донесе Законот за зголемување на платите во јавниот сектор до јануари 2018 година. 

Месечната плата на најдобрите лекари во 2018 година наместо досегашните 1.000 евра ќе биде 2.700 евра, а медицинските сестри наместо 530 евра, ќе добиваат плати од 900 евра.

Платите на некои професори ќе бидат зголемени за 100% и тоа зголемување ќе биде направено од 2018 до 2022 година.

Зголемување на платите, според новиот закон, кој допрва треба да го одбори претседателот на Романија Клаус Јоханис, ќе има за 1,2 милиони државни службеници. Како што пренесе агенцијата Франс прес, оваа операција на романската влада ќе чини скоро 10 милијарди евра во наредните 5 години.

Еврооската комисија неодамна го предупреди Букурешт да не ги зголемува платите, а Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека сукцесивното кратење на даноците во изминатите 2 години значително ги намалило државните приходи. 

Законот е усвоен и покрај противењата на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »