Промовирани огласи »

Долниот дом на Парламентот во Романија со мнозинство гласови го донесе Законот за зголемување на платите во јавниот сектор до јануари 2018 година. 

Месечната плата на најдобрите лекари во 2018 година наместо досегашните 1.000 евра ќе биде 2.700 евра, а медицинските сестри наместо 530 евра, ќе добиваат плати од 900 евра.

Платите на некои професори ќе бидат зголемени за 100% и тоа зголемување ќе биде направено од 2018 до 2022 година.

Зголемување на платите, според новиот закон, кој допрва треба да го одбори претседателот на Романија Клаус Јоханис, ќе има за 1,2 милиони државни службеници. Како што пренесе агенцијата Франс прес, оваа операција на романската влада ќе чини скоро 10 милијарди евра во наредните 5 години.

Еврооската комисија неодамна го предупреди Букурешт да не ги зголемува платите, а Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека сукцесивното кратење на даноците во изминатите 2 години значително ги намалило државните приходи. 

Законот е усвоен и покрај противењата на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд.

Промовирани огласи »

И оваа година, тројцата медалисти остануваат непроменети, но пак Amazon регистрира најголем скок од сите – само за година брендот на Безос успеала да се искачи од седмо до четвртото место, зголемувајќи ги своите приходи со околу 50 милиони долари. Вкупната добивка на петте водечки компании пак сочинува 25% од вкупните приходи на сите останати 100 брендови, вклучени во рангирањето.

За да стигнат до забршните рангирања биле испрашани околу 3 милиони вработени, околу 120 илјади клиенти и брендови од 50 земји.

Промовирани огласи »

Сонот е голем помагател при извршување на нашите секојдневни обврски. Сите ние во модерниот свет брзаме и не посветуваме доволно внимание на одморот. Потсетете се кога последен пат легнавте во 10 часот пред полноќ?

Не се сеќавате? Можеби тоа е клучниот одговор на се она што ве измачува во последно време - покачена телесна тежина, замор, нервоза или слично.

Издвојуваме повеќе сегменти на кои делува не спиењето за да размислите кога ќе легнете вечерва:

Внимание/фокус – неспиење од 20 до 25 часа влијае врз вашата брзина на движење, рефлекси и фокус, исто како да имате 10 % алкохол во крвта.
Агресивност – лишувањето од сон ве прави поагресивни и нервозни.
Имун систем – луѓето кои спијат помалку од 6 часа, во текот на ноќта, го зголемуваат ризикот за настинка или грип за 4 пати.
Зголемување на телесна тежина – неспиењето предизвикува зголемено лачење на хормонот на гладта - грелин, односно хормон што го зголемува апетитот.

Болести – тие коишто спијат помалку од 5 часа во ноќта:

Дијабетес – го зголемуваат ризикот за добивање на дијабетес тип 2 за 34%

Крвен притисок – кај оние со висок крвен притисок може да предизвика покачен притисок во текот на целиот нареден ден. 

Хронични болести – доведува до зголемување на шансите за добивање на рак и други хронични заболувања.
Срцеви заболувања – доведува до удвојување на ризикот од смрт од кардиоваскуларни заболувања.

Мозочна активност – недостаток на сон запира производство на нови неурони и зголемување на нивото на хормонот за стрес – кортикостерон.
Меморија – недостаток на сон доведува до губење на меморијата и намалено памтење.
Работа – извршување на работните обврски е забавено, со голем број грешки и последици кои можат да бидат кобни за вашето здравје, но и за здравјето на колегите околу вас. 

Промовирани огласи »

Просечните плати во државите од поранешна Југославија се разликуваат значително, а според последните податоци, Македонија се наоѓа на самото дно на листата.

На дното на листата се Босна и Херцеговија, Србија и Македонија, Црна гора е во златната средина, а пред неа, кога станува збор за просечните нето плати, се Словенија и Хрватска.

За еден месец Словенците просечно заработуваат 1.030 евра, на второ место е Хрватска со просечна плата од 750 евра. Статистичките податоци покажуваат дека во Хрватска лицата со завршен факултет имаат за 23 проценти повисока плата од просечната, а 50 проценти повисока од лицата со средно образование. Докторите на науки имаат во просек 102 проценти повисока плата од лицата со средно стручно училиште, чија заработка е за 18 проценти пониска од просечната.

Третото место го зазема Црна Гора која во последните години бележи значителен раст на просечната заработка. На пример, просечната плата во 2006 година во оваа држава била само 282 евра, додека сега во 2017 година изнесува 512 евра.

Зад Црна Гора се наоѓаат Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Во Босна и Херцеговина граѓаните просечно заработуваат нешто повеќе од 430 евра. Просечната плата во Босна, како што тврдат од Агенцијата за статистика на оваа држава, номинално е повисока за 0,2 проценти во однос на декември минатата година, и е повисока за 1,4 проценти во однос на март 2016 година. Петтото место според висината на просечната плата и припаѓа на Србија. Во оваа држава просечната плата изнесува 405 евра.

На самото дно од листата се наоѓа Македонија каде просечната плата изнесува 370 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »