Промовирани огласи »

Просечните плати во државите од поранешна Југославија се разликуваат значително, а според последните податоци, Македонија се наоѓа на самото дно на листата.

На дното на листата се Босна и Херцеговија, Србија и Македонија, Црна гора е во златната средина, а пред неа, кога станува збор за просечните нето плати, се Словенија и Хрватска.

За еден месец Словенците просечно заработуваат 1.030 евра, на второ место е Хрватска со просечна плата од 750 евра. Статистичките податоци покажуваат дека во Хрватска лицата со завршен факултет имаат за 23 проценти повисока плата од просечната, а 50 проценти повисока од лицата со средно образование. Докторите на науки имаат во просек 102 проценти повисока плата од лицата со средно стручно училиште, чија заработка е за 18 проценти пониска од просечната.

Третото место го зазема Црна Гора која во последните години бележи значителен раст на просечната заработка. На пример, просечната плата во 2006 година во оваа држава била само 282 евра, додека сега во 2017 година изнесува 512 евра.

Зад Црна Гора се наоѓаат Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Во Босна и Херцеговина граѓаните просечно заработуваат нешто повеќе од 430 евра. Просечната плата во Босна, како што тврдат од Агенцијата за статистика на оваа држава, номинално е повисока за 0,2 проценти во однос на декември минатата година, и е повисока за 1,4 проценти во однос на март 2016 година. Петтото место според висината на просечната плата и припаѓа на Србија. Во оваа држава просечната плата изнесува 405 евра.

На самото дно од листата се наоѓа Македонија каде просечната плата изнесува 370 евра.

Промовирани огласи »

Основачот и сопственик на мостарската фирма НСофт, најпрофитабилна фирма во БиХ, Игор Крежич, изненадно го прекинал својот говор на состанок со вработените и скокнал од тераса од зградата.

Неговиот неочекуван потег предизвика паника кај работниците, но веќе во следната секунда забележале дека Крежиќ со насмевка слетува на веќе подготвен душек.

-Пред еден месец ја започнав својата „политичка кариера“. Како и секое самоубиство, и ова се случи поради вишок време. Меѓутоа, не ни помислив дека тоа ќе биде нешто повеќе од едноставна фора, откако неколку луѓе напишаа стварно фини коментари, немав срце да напишан ништо… Со оглед дека мојот годишен одмор се поклопи со мојата „политичка кариера“, првиот состанок откако се вратив, вработените бараа да го објаснам моето самоубиство кое нормално им… покажав. Во овој „пренк“, тие се кривците што ме бутнаа во провалија(политика), па ја напуштив фирмата(бев на годишен одмор) и го допрев дното на животот во кој не гледам спас…, напиша Крежиќ на Фејсбук.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи работникот може да склучи договор за вработување со полно и неполно работно време.

Работниците кои склучиле договор за вработување со полно работно време не смеат да работат подолго од 40 часа неделно, а не помалку од 36 часа, но во одредни случани во некои професии, како полно работно време може да се смета и работно време под 36 часа неделно.

За работните места кај кои постои поголема опасност од повреди или здравствени оштетувања, со колективен договор на ниво на работодавач, полното работно време може да трае помалку од 36 часа неделно.

На работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје, односно работна способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност, во согласност со закон и колективен договор. При остварување право на плата и другите права од работен однос, скратеното работно време се изедначува со полното работно време.

Како особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи се сметаат: особено тешка физичка работа; работа под зголемен атмосферски притисок; работа под зголемена бучавост; работа во вода или влага; работа изложена на јонизирачки зрачења; работа со болни од заразни болести и со заразни материјали; работа на хируршки интервенции во операциони сали; работа во областа на психијатријата; работа со лица со најтешки пречки во психичкиот развиток; работа во судска медицина и патолошка анатомија; работа со нагризувачки материјали; работа на летачки персонал; балетски изведби; музичари на дувачки инструменти;играорци и оперски солисти; работа во близина на напон или под напон и работа на височина или длабочина.

Одобрение за работа со скратено работно време  дава министерот надлежен за работите од областа на трудот, врз основа на претходно прибавено мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот.Барање за покренување на постапка за добивање на одобрение за работа со скратено работно време може да поднесе работникот или синдикалната организација до работодавачот.Здравствената установа која врши дејност медицина на трудот и инспекцијата на трудот мислењето  го доставуваат врз основа на претходно изготвен и доставен елаборат од работодавачот.

Барање за добивање одобрение за работа со скратено работно време поднесува работодавачот до министерството надлежно за работите од областа на трудот.Кон барањето за добивање одобрение  работодавачот доставува мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот. Доколку инспекцијата на трудот утврди дека постојат услови , со решение ќе му нареди на работодавачот да покрене постапка за утврдување на скратено работно време.

Работникот кој работи на работи кои се особено тешки, напорни и штетни по здравјето не смее да работи на тие работи прекувремено, ниту може да се вработи кај друг работодавач на истите работи, за времето за кое работи со скратено работно време.

Промовирани огласи »

Цената или бројот на пари кои треба да ги употребиме за да купиме нешто, е многу важен сегмент од живеењето на секој човек.

Исто така, цените имаат голема улога во секој бизнис. Но, исто така може да претставуваат и основа за многу грешки

Како да знате дека сте одредиле вистинска цена за вашата услуга или производ?

Оваа прашање е едно од омилените на претприемачите и тие секојдневно размислуваат за ова. Во последно време, ситуацијата е не предвидлива и многу луѓе не знаат со колку пари располагаат во текот на месецот и во споредба со минатото постојано размислуваат за тоа колку ќе потрошат или заштедат. 

Секако, тука се и конкурентите кои се главен репер за оформување на цените на пазарот.

Експертите предупредувааат, дека цената не е единствениот параметар по кој се водат потрошувачите и дека потрошувачката може да биде намалена или зголемена и заради други аспекти. Можеби има нов производ со поголема вредност, можеби се појавила поиновативна компанија на пазарот која започнува да зема дел од колачот, може да биде слабиот маркетинг, продажен тим кој не е на ниво на задачите или пак нешто друго.

Одбивање на купување од страна на купувачот може да не биде цената. На пример, купувачот одбива да купи доколку смета дека производот не му треба, дека нема да му ги реши проблемите, доколку не е сигурен за она што ќе го добие и така натаму.

Цените на конкуренцијата не смеат да бидат основа за компарирање и утврдување на вашите цени. Помала цена, може да перцепира и помала вредност па затоа претприемач

Според експертите ова се најважните сегменти како да оформите вистинска цена:

  • Бидете сигурни за вредноста што ја нудите.
  • Пред да започнете да дискутирате за цената проценете ја вредноста на понудата.
  • Добро утврдете ја вашата понуда и вредноста на истата.
  • Разговарајте со купувачите, за тоа што тие го сакаат, што вреднуваат и како вашата понуда им помага во нивниот живот.
  • Фокусирајте се на резултатите од вашите напори.
  • Бидете сигурни дека не губите со одлуките кои ги носите во однос на цените.
  • Цените се под влијание на многу повеќе фактори отколку што можете да замислите. Добро истражете ги сите тие фактори и опции кои ги имате.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »