За компанијата: Компанијата АРМОР ПЛУС е основана 2002 година во Скопје управувана од тим која со своите иновативни и креативни решенија стана еден од водечките специјалисти за работна облека и опрема за лична заштита....
повеќе за компанијата »Тимот на АРМОР ПЛУС ДОО СКОПЈЕ го проширува тимот со следнава работна позиција :Координатор за извоз
Одговорности и задачи:
Во делот на комерција:
- Развој и одржување на односи со меѓународни партнери,
- Наоѓање на нови меѓународни партнери.
Во делот на документација за извоз:
- Оптимизација на извозните процеси и осигурување дека нашите производи ефикасно стигнуваат до своите дестинации.
- Активности во врска со царинење на стоката која се извезува
- Подготовка на дел од документацијата поврзана со извоз на артикли, изјави, дозволи, сертификати,
- Координирање со главниот шпедитер во делот на царинската постапка за извоз.
Во делот на транспортот :
- Ја координира и организира испораката соглaсно сите законски обврски.
Потребни квалификации:
- Средно или Високо образование
- Предходно работно искуство се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлично познавање на Англиски јазик.
Профил на личност:
- Комуникативна, динамична и одговорна личност
- Деловен и професионален однос.
Ние Ви нудиме:
- Плата: во зависност од искуство
- Работно време: од 08:00 до 16:00.
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.
Ако се пронаоѓате во описот, ве поттикнуваме да аплицирате на [најави се за да го видиш е-маилот] и станете член на нашиот тим.
Слични огласи »