Промовирани огласи »

Од утре ЕУ го ограничувања важењето на ковид сертификатите. 

Во ЕУ ќе се применува правилото според кое дигиталните сертификати за вакцинација против ковид се прифаќаат во рок од 270 дена од завршувањето на примарната вакцинација.

За бустер дози, сега не постои ограничување на валидноста на адекватен сертификат во ЕУ, според Брисел.

Земјите – членки може да применуваат различни правила на национално ниво кога користат дигитални сертификати за ковид на ЕУ, но се поканети да се усогласат со правилата на ЕУ.

Од утре се на сила новите правила за кодирање на сертификатот, така што бустер дозата ќе биде заведена како 3/3 по примарната серија вакцинација со 2 дози или 2/1 по вакцинацијата со единечна доза, односно по една доза и прележување на вирусот.

Дека ќе има промени беше навестувано со месеци. Во светот над 5.6 милиони луѓе починаа од ковид. Омикрон масовно се шири во Европа. 

foto freepik.com

  

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ ќе биде повисока за еден денар по литар, а дизел горивата поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари.

Промовирани огласи »

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјални прашања, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ, денес остварија работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, предводени од претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на која главна тема беа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата во земјава.

Од ССМ порачаа дека единствената светла точка од денешната средба со Владата е тоа што за в среда е закажан Економско-социјален совет, каде што на трипартитно ниво помеѓу Владата, работниците и работодавачите ќе се одлучува за зголемување на минималната плата на 18 000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.

„Како Сојуз на синдикати на Македонија не го прифаќаме зборот „ќе“, туку „кога“ и „колку“. Затоа сум малку револтиран од односот на нашите социјални партнери. Во среда продолжува битката за работничките права. Единствената цел е егзистенцијата на работникот во оваа економска, ковид и енергетска криза“, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски по денешната средба во Владата.

Претседателот на ССМ ги повика работниците на штрајк, протести и блокади на улиците доколку во среда не бидат исполнети нивните барања за зголемување на минималната плата на 18 000 денари.

Промовирани огласи »

Граѓаните уште цел февруари ќе ги користат паркинг услугите во Скопје по старите цени, а од први март стапуваат на сила новите повтини цени. 

Цената за паркирање ќе се намали во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час. 

Ова минатата недела го соопшти надлежното јавно претпријатие Градски паркинг - Скопје од каде што порачаа дека со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »