Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи информира дека на 13 јуни ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници.

На таа аукција ќе се продава државно градежно неизградено земјиште во Свети Николе за 65.000 евра, магацини во општина Чашка за 145.000 евра, мерцедеси од 1984-та, 1985-та и 1986-та година по почетна цена од од 1.000 до 1.500 евра, Шевролети за истата таа сума, како и Ситроен и КИА.

– За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукции/слободни комерцијални продажби на движни и недвижни ствари, преземете го документот подолу и посетете го веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk. Преку веб порталот e-aukcii.ujp.gov.mk, можете да ги видите активните аукции, да разгледувате онлајн, како и да ги прегледате достапните аукциски производи (движни и недвижни работи), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.

За да учествувате на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник на e-aukcii.ujp.gov.mk, информираат во УЈП.

Промовирани огласи »

Наскоро треба да се утврдат и законските текстови на кој начин ќе се воведе евтината тарифа што ќе се однесува за населението.

Во летните месеци се очекува повторно воведување на евтина тарифа за струја, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања.

Наскоро треба да се утврдат и законските текстови на кој начин ќе се воведе евтината тарифа што ќе се однесува за населението.

Преговарано е со Европската енергетска заедница, за либерализација на продажбата на струјата, вели Анѓушев. 

Промовирани огласи »

Главниот извршен директор на една од најуспешните мултимилионски компании Gary Vaynerchuk објаснува што правеше на 20-годишна возраст за да доживее успех во своите 30-ти.

Тој во меѓувреме стана еден од најследените мотивациски едукатори на You Tube и стана role model на многу млади луѓе низ светот.

Во периодот на неговите 20-ти Gary Vaynerchuk работел навистина многу. Единственото прашање кое му го поставуваат сите претприемачи од светот е - Како да постигнат успех како неговиот?

 Во неговите 30-ти години од животот драстично го зголемил приходот на фамилијарниот бизнис со вино во Њу Џерси од околу $3 милиони годишен приход до $60 милиони.

Тој е автор на претприемачкиот бестселер "Crush it", и ja отворил VaynerMedia, од која тој очекува приход од повеќе од $125 милиони оваа година. Една новинарка го прашала: "Што направивте во вашите 20ти години од животот за да направите огромен успех во вашите 30-ти?"

Работев дење и ноќе и го учев занаетот со цело срце и посветеност, одговори Vaynerchuk. Тој додаде: Еве ќе ви дадам добар пример: Навистина нема многу млади луѓе кои може да се пофалат со тоа дека работеле секоја сабота во тој период од својот живот. Јас работев околу 50 до 52 саботи во една година, од 22 до 29, додека не се сретнав со мојата сопруга и не почнав да градам одредено ниво на рамнотежа работа-живот.

Тоа е навистина тешка работа. Сите мислат дека сум само мотивациски YouTube едукатор со милиони следбеници. Всушност, пред да станам едукатор поминав многу работи - мојата единствена порако до сите кои сакаат да успеат е никогаш да не престанат да работат и да се трудат.

Вистински успешните луѓе се оние кои никогаш не застануваат посебно не во нивната младоста, за да бидат успешни понатаму во животот.

Моите најважни работи во животот како успешен човек се:

  • Никогаш не ми беше важно што ми кажуваа родителите и професорите - се водев по моите замисли и идеи
  • Секогаш сакав да ги победам сите - дури и моите најблиски пријатели
  • Никогаш не му завидував на никого
  • Имав , навистина многу трпение за се во врска со работата која ја работев

Промовирани огласи »

Брендирањето е еден од најважните аспекти на секој бизнис, големи или мали. Ефикасна брендинг стратегија ви дава голема предност на многу конкуретниот пазар. Што всушност е брендирање на една компанија?

Едноставно кажано, вашиот бренд е ветување за вашиот клиент. Тоа им кажува што да очекува од вашите производи и услуги, и  како вашата компанија ќе се разликува од вашите конкуренти. Вашиот бренд е изведен од тоа кои сте вие, што сакате да бидете и како сакате да ве гледаат потрошувачите.

Темел на вашиот бренд е вашето лого. Вашиот веб-сајт, пакување и промотивни материјали -  се местата каде што треба да се интегрира вашето лого.

Како се оформува успешниот бренд? Дефинирање на вашиот бренд е како патување. Тоа може да биде тешко, одзема многу време и многу фокус.

За да се оформи бренд, основни прашања кои треба да си ги поставите се следните:

1. Која е мисијата на вашата компанија?

2. Кои се придобивките и карактеристики на вашите производи или услуги?

3. Што прават вашите клиенти и потенцијални клиенти?

4. По што сакате да ја препрознаваат вашата компанија?
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »