Промовирани огласи »

Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари низ Македонија, соопшти Народната Банка, укажувајќи кој е начинот лесно да се провери дали станува збор за фалсификат и како граѓаните да се заштитат.

Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност.

Фалсификуваната банкнота може многу лесно да се препознае доколку се обрне внимание на основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средиштен дел на предната страна на банкнотата. Овој елемент кај фалсификуваната банкнота воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување на банкнотата под одреден агол, може да се воочи како се менува неговата боја од зелена во сина и низ елементот се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на следнава слика:

Особено впечатлива е имитацијата на заштитниот конец, којшто е вметнат помеѓу двата слоја хартијата со видливи засеци и со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите. Но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно ќе се воочи дека е имитиран:

Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат доколку се обрне внимание на водениот печат. Водениот печат кај овој тип фалсификат е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку ја поставиме банкнотата под извор на светлина:

Сите информации поврзани со заштитните карактеристики на банкнотите со апоенска вредност од 2000 денари проследете ги на видеопрезентацијата на веб-страницата на Народната банка: https://www.nbrm.mk/karakteristiki-na-novite-knizni-pari.nspx

Веб страната на НБРМ содржи податоци и информации за монетарната политика, банкарскиот систем, банкарската супервизија и регулатива, финансиската стабилност, истражува~ката работа, платните системи, финансиските.

Доколку забележите фалсификувана банкнота, треба да се обратите до банките или до Министерството за внатрешни работи, коишто понатаму ќе постапат во согласност со своите надлежности.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија утре во период од 13 до 14 часот ќе го сопрат сообраќајот на улицата Димитрие Чуповски, каде што се наоѓа Организацијата на работодавачи и Стопанската комора за да ја искажат својата сериозна намера дека не отстапуваат од барањето минималната плата да е 18 илјади денари.

Ова за Телма го потврди претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи. Ако во 16 часот не се прифатат нивните барања, почнуваат со генерален штрајк.

Промовирани огласи »

Дефинитивна карактеристика на карактерот и културата на Vox Teneo е тоа што тој е производ на генијалност и флексибилност на основачите и сите негови вработени.

Vox Teneo е основан во 2002 година за да им служи на ИТ потребите на главните клиенти во Белгија и Франција. Напорната работа и живеењето според нашите вредности доведоа до природен раст на компанијата.

Денес Vox Teneo е акционер во повеќе дигитални производи кои ја олеснуваат работата на адвокатите, музичарите, агентите за недвижности, модните ентузијасти, па дури и менаџерите.

Vox Teneo е присутен во пет земји: Белгија, Северна Македонија, Индонезија, Луксембург и Сингапур. Благодарение на локациите на нашите канцеларии, Vox Teneo може да работи деноноќно, нудејќи 24/7 поддршка за нашите клиенти и деловни партнери. Како ИТ компанија, Vox Teneo може да работи преку границите и континентите. 

Во моментов има отворени работни места за:

SCRUM MASTER 

INTERN .NET 

FRONT-END DEVELOPER 

HR ASSISTANT 

RECRUITER 

JUNIOR .NET DEVELOPER

Промовирани огласи »

Летечкиот автомобил од Словачка доби официјална дозвола за летање како авион, изјави портпаролот на словачкото Министерство за транспорт.

Производот на Klein Vision во словачкиот град Нитра наречен AirCar, е мешавина од автомобили и мали авиони. Првиот лет меѓу аеродромите во двата града е изведен во јуни 2021 година.

За половина час летал од Нитра до словачкиот главен град Братислава, оддалечен 75 километри. Оттогаш, тој успешно ги завршил сите тестови потребни за добивање официјална дозвола за летање од словачките воздухопловни власти, објави Klein Vision.

Се трансформира од автомобил во авион за 3 минути

Хибридниот авион досега имал 200 полетувања и слетувања и вкупно 70 часа лет. Компанијата планира во блиска иднина да понуди директни летови меѓу Париз и Лондон.

AirCar, развиен од основачот на компанијата Stefan Klein, може да се вози на пат како обичен автомобил, а откако ќе ги рашири крилата, се трансформира во авион за нешто помалку од три минути.

Klein и неговите партнери веќе го претставија хибридниот модел, првично наречен „Aircraft“, на неколку меѓународни саеми за автомобили од 2013 година, предизвикувајќи светска сензација.

Подоцна, Klein се разделил од своите финансиски партнери и основал своја компанија, која сега сака да излезе на пазарот со летечки автомобил наречен AirCar.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »