Промовирани огласи »

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, во „Студио 10“ на 24 Вести рече дека газдите ќе се соочат со кривични пријави доколку од 1 март не исплаќаат зголемена минимална плата од 18.000 денари. За тоа однапред ќе бидат писмено известени од гранковите синдикати.

Откако вчера беше објавено дека на трипартидниот состанок е зголемена минималната плата на 18.000 денари, Димовски откри дека просечната плата сега ќе се зголеми на 30.250 денари.

Тој додаде дека најголемите измами со минималната плата се прават кај микро и макро занаетчиските дејности. Според првиот човек на ССМ, работодавачите кријат данок со тоа што дел од платите ги исплаќаат како минимална а дел во кеш. 

Ние прво кажавме дека 110.000 пријавени се на минимална, а рестото им го исплаќаат на плико. Мора да разберат работниците, кога ќе остареме, владата нема да ни биде крива кога ќе земеме пензија од 10.000 денари во тоа трето доба.

Кријат даноци и така наоѓаат дел од парите во кеш да исплаќаат. На државата вака и даваме сигурни приходи. Важно ја спречивме сивата економија и дадовме нешто на работникот.

Фризерско студио кое наплаќа 1.500 денари од фризура имало двеет вработени пријавени на минималец од 15.000 денари. Работничка пријави во Државниот пазарен инспекторат, кој установил дека дури и директорот е пријавен на мминимална плата.  Така се создава црн капитал. Таму најмногу се задскрива данок, рече Димовски.

Тој додаде дека следното барање ќе биде исплата на регрес за сите работници во јавниот сектор, а го пофали проектот недела - неработен ден со тоа што на премиерот Димитар Ковачевски му забележак дека и натаму работат коцкарници, обложувалници и кафулиња. Според Димовски, на овие дејности им се прогледувало низ прсти.

За барањето на комората да се направи ревизија на законоското решение за недела - неработен ден, Димовски дава предлог до бизнисмените да го обжалат на Уставен суд.

Комората нека го даде на Уставен суд, па кога ќе решаваат судиите, нека се состанат во недела да видат како е. Уште поголем револт е предлогот сите дејности да бидат опфатени, а работодавачите да ни платат онолку колку што ќе се договорот за недела. Така ќе ги правиме законите - со ќефови? Не можеме да кроиме закони за некои да се изживува со работникот затоа што порано правел 50 милиони евра, а сега 49. Па доста е другари!, нагласи Димовски.

Тој најавува дека владата за зголемувањето на минималната плаќа че ги субвенционира придонесите 10 месеци или 1 година.

Промовирани огласи »

Согласно владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

Пристапот, како што соопшти владината прес-служба, е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/), кој носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/landing.

Постапката е едноставна. Граѓаните кои досега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за КОВИД-19 вакцинација или за прележан КОВИД-19.

Секое лице кое се тестира за КОВИД-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развило симптоми на болеста, информираат од владината прес-служба.

Промовирани огласи »

Неофицијално, постигнат е договор за минимална плата од 18.000 денари дознава Телма од извори кои учествуваат во разговорите на економско-социјалниот совет. Најверојатно државата ќе се вклучи, и ќе ја субвенционира сумата до 18.000 денари. 

Претходно, имаше две средби, но без договор. Сега минималецот е 15.200 денари. 

Промовирани огласи »

Македонска и бугарска делегација од ресорните министри за трансорт и туроператори од двете држави ќе бидат патници на првиот лет што треба да се реализира на 11-ти месецов на релацијата Софија-Скопје. Компанијата „Гуливер“ е заинтерсирана да го реализира летот, а на оваа релација се очекува да има редовни летови во текот на следниот месец, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Интерес за одржување на оваа врска покажала бугарската стартап компанија „Гуливер“, а според бугарските портали, цената на летовите би била до 50 евра.

Претходно беше најавено дека овие летови нема да бидат субвенционирани од владите, но според најновите информации, за авиопревозникот ќе има повластени давачки.

-На 10 февруари ќе имаме средба во Софија заедно со нашите тимови на Комисијата за транспорт и инфаструктура и на 11-ти веќе ќе се организира првиот лет од Софија за Скопје каде заедно со делегациите од нашата страна и министерот и туроператори од Бугарија ќе бидеме дел од тој лет заедно. На 11 февруари во Скопје ќе организираме заедничка средба со туроператорите од Северна Македонија, каде што очекувам да се најдат сите поволности и можности и најдобри солуции за граѓаните, за да во иднина оваа линија биде операбилна и да може да оперира редовно на релација Софија – Скопје и секако уште една дестинација која ќе биде дополнителна можност за граѓаните, изјави Бочварски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Кочани.

Очекувам, како што рече, развој на економијата и на туризмот. -Драго ми е што веќе има заинтересирана компанија – тоа е компанијата Гуливер која што ќе го изврши овој прв лет со кој даваме до значење дека со разговори и со позитивен пристап можеме да отвориме повеќе можности за нашите граѓани, за економијата и секкао за развој на туризмот на двете земји, рече Бочварски.

Прашан кога ќе профункционира редовната авиолинија Бочварски посочи дека постои можност за во текот на следниот месец, укажувајќи дека предлозите околу оперирањето на авиолинијата ќе бидат разгледани на средбата на 11 февруари.

Неговиот бугарски колега Николај Сабев исто така вчера најави дека првиот лет од Софија за Скопје ќе биде на 11 февруари и оти редовните летови ќе започнат во март, како и дека туроператорите од Бугарија и Северна Македонија треба да се договорат за туристички пакети сокоиштп ќе се зголемат меѓусебните посетите на туристите од двете земји.

Сабев најави дека властите во Скопје ќе обезбедат слотови за летовите на авиокомпанијата со Софија, која ќе лета или до Тирана, или Атина или Истанбул. За рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија што ќе ги извршува летовите. Тогаш ќе може да се види каков е протокот на патници во овие насоки, за да може да се направи точна проценка и авиолинијата да опстои.

Бочварски и Сабев на 25-ти минатиот месец во Софија потпишаа два докумената за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје-Софија и за железничкиот Коридор 8. Документите беа потпишани по заедничката седница на двете влади.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »