Промовирани огласи »

Џим О'Шеа е еден од оние кои не паѓаат на трендови и потрошувачки трикови, па поради тоа не го менува својот автомобил на неколку години, туку вози еден ист веќе со децении.

 Неодамна одбележал 30 години откако отишол во салонот на "Волво" и купил модел "740". Веројатно "за инает" не неговите татко и чичко кои во тоа време работеле во салонот на "Форд", па не чуди тоа што уште од тогаш најавил дека со "Волво" ќе мине милион милји.

30 години подоцна, во ноември минатата година, го остварил ветувањето. А сега му се јавиле од "Волво". Го повикале да го посети салонот во близина, каде како подарок добил клучеви од ново "Волво С60". Интересно, клучевите му ги предал директорот на салонот Стефен Линч, истиот оној што му го продал возилото во 1991-ва година.

Возбудени сме што можеме да се погрижиме за Џин и да му дадеме нов автомобил. Го заслужи и не можеме да бидеме посреќни за него, изјавил Линч откако му ги предал клучевите.

Сепак, престижната црна лимузина не ја добил во трајна сопственост, туку му е дадена на две години користење со платено осигурување и одржување. Во секој случај, убав гест. Оние што го познаваат Џим велат тешко дека тој ќе може да го замени славниот "740" кој веќе му е влезен под кожа.

Потсетуваме, автомобил со најголема километража е Волво, и тоа моделот "P1800" со 5,23 милиони минати километри.

Промовирани огласи »

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација.

Како што кажуваат купувачите, цигарите се поскапени за дури 10 денари.

Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.

Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Промовирани огласи »

Австрискиот канцелар Карл Нехамер најави укинување на епидемиолошките мерки на 5 март.

Владата, заедно со гувернерите на покраините, донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со образложение дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.

Денеска учесниците на средбата сакаа да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија.

Според претходната одлука на Владата, на 19 февруари ќе следи натамошно олеснување на мерките. Така, во угостителството, хотелите и настаните, 2G ќе се смени во правилото 3G, со што на невакцинираните со негативен тест, повторно ќе им се овозможи пристап до кафулиња, ресторани, хотели, концерти, натпревари.

Исто така, од 5 март ќе бидат овозможени приватни и јавни прослави, концерти, саеми и други собири без ограничување на бројот на присутни.

Се укинува и канрантинот за инфицираните без симптоми, а единствено што ќе остане е обврската за носење маски на одредени места, како јавниот превоз и супермаркетите.

Се размислува и за времено прекинување на задолжителната вакцинација, која беше воведена пред десетина дена.

Извор: Блиц.рс

Промовирани огласи »

На барање на правните субјекти заради заштита и превенција од болеста, Централниот регистар донесе одлука за продолжување од 10 дена на рокот и за хартиено и за електронско поднесување на годишните сметки.

Како што информираат од Централниот регистар, крајниот рок во хартиена форма ќе биде до 10 март годинава, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25 март до 24 часот.

Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот, како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95 отсто годишни сметки, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Оттаму појаснуваат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »