Купувачите од САД веќе се информирани за немилиот настан поради кој нема да им бидат испорачани скапите автомобили.
По последната вест утрово, според која хеликоптер на португалската морнарица спасил и евакуирал на безбедно 22 члена од екипажот, бродот, очигледно, бил оставен на судбината и пожарот што го зафатил.
BREAKING: A giant cargo ship "Felicity Ace" is on fire in the middle of the Atlantic Ocean.
It's carrying a cargo of Porsche and VW automobiles.
The crew safely abandoned ship in lifeboats. Under maritime law the ship is now "finders keepers." pic.twitter.com/gHLqHncrOi
— Retro Tech Noir (@RetroTechNoir) February 17, 2022
Во меѓувреме не можела да се дознае причината за пожарот, но се знае каков товар превезувал бродот. На бродот долг 200 метри имало дури 2.500 автомобили, од кои дури 1.100 биле Порше. "Голем број наши автомобили се меѓу товарот. Во контакт сме со сопственикот на бродот и деталите за автомобилите на бродот се познати. Дилерите ќе ги информираат клиентите погодени од овој инцидент", изјавил за Autoblog портпаролот на Porsche, Лук Вандезанде.
Вандазанде потврдил дека на бродот имало 1100 Порше, од вкупно 2.500 автомобили и ги советувал сите клиенти да се обратат до домашните застапништва за да добијат точни и навремени информации.
VWVortex.com објави дека овој брод веќе подолго време превезува автомобили од групацијата VW. Исто така, многу купувачи на моделот ID.4 на Volkswagen велат дека достапните информации сугерираат дека нивните автомобили биле на тој брод.
Да потсетиме, Фелисити Ејс исплови од Емден во Германија, а требало да пристигне на Род Ајленд на 23 февруари. СОС сигналот бил испратен рано утрово од област недалеку од островот Фајал на Азорските Острови. Португалската морнарица и четири блиски товарни бродови пристигнале за да му помогнат на бродот среде Атлантикот. Се претпоставува дека бродот ќе биде одвлечен до најблиското пристаниште и потоа ќе оди да се отпише заедно со товарот.
Причината за пожарот не е позната, но има загрижувачки информации дека екипажот не успеал да го изгаси пожарот со опремата со која располагала на бродот. Затоа многумина претпоставуваат дека пожарот не можел да се изгасне.
Ова не е прва ваква несреќа на брод што превезува возила од групацијата VW. Во 2019 година, во близина на брегот на Бразил, пожар го зафати Гранде Америка со над 2.000 Ауди и Порше. Бродот превезувал и четири специјални Porsche 911 GT2 RS уништени во пожарот. Порше не решиле финансиски да ги обештетат клиентите, туку го рестартирале производството и склопиле четири примероци.