Промовирани огласи »

Среќните работници, се продуктивни работници. Но, како да се мотивира група на вработени да работат напорно и со тоа да помогнат на бизнисот? Всушност, за мотивација не треба многу, меѓутоа треба да се насочите кон вистинските начини.

Дури и да ги имате најдобрите вработени, тоа не е гаранција дека вашата компанија ќе работи одлично.
Ви препорачуваме неколку начини како да ги заинтересирате вашите вработени дополнително и да ги направите мотивирани и полни со желба да работат за Вас:

1. Комуницирајте со вработените

Често разговорите се занемаруваат. Многу претпоставени често ќе ги повикаат вработените на состанок и држат монолог без да им остават можност на вработените да се искажат на дадаената тема за разговор.

Неколку истакнати бизнисмени истакнуваат дека практикуваат разговори еден на еден. Со ова ја зајакнувате вербата во вработените и се зближувате на посебен начин.

2. Бидете пример
Не можете да очекувате вашите вработени да работат напорно или да се однесува на начинот на кој што сакате, ако Вие не бидете пример. Ако покажете возбуда во врска со целите кои сакате да ги постигнете тоа ќе се пренесе и на вработените и тие ќе размислуваат кон целите со ентузијазам.

Докажано е дека доброто расположение е заразно и тоа е навистина добро да се шири во компанијата. Секогаш бидете со насмевка и  никогаш не доцнете на работното место. Запомнете дека како ќе се однесуватге Вие, многу веројатно е така да се однесуваат и вашите вработени.

3. Дајте им право на глас и искажување

Прашајте ги како тие ќе придонесат за компанијата и побарајте идеја за тимот да функционира подобро. Повеќето вработени имаат идеи за тоа како тие можат да бидат поефикасни, но тие не можат да ги споделат со вас, освен ако конкретно не ги прашате.

Ако навистина сакате да ги поттикнете и мотивирате своите вработени, ќе треба да им дадете овластување и да ги направите одговорни за нивните сопствени одлуки. Така ќе направите тие да се чувствуваат слободно и да им дадете чувство на сигурност и мотивираност

4. Понудете им можности за унапредување
Вашите вработени се повеќе мотивирани кога знаат дека се стремат кон нешто поголемо. Ако мислат дека не постои можност за напредување, тие немаат зошто да се залагаат на работно место и ќе работат површно и без ентузијазам.

Мотивирајте ги своите вработени, нудејќи им обука која ќе ги научи на нови вештини со ова не само што ќе ги мотивирате туку и ќе ја зајакнете сликата за компанијата како одлично место за работа.

На крајот, размислете како се чувствувате кога компанијата оди во нагорна линија и дајте им можност за среќа и личен развој и на вработените - Зарем има поголем успех од тимскиот?

Промовирани огласи »

Магазинот „Vogue”, кој е најчитаниот женски магазин и омилен кај женската популација, посвети текст на успешната Македонка, младата Ема Поповска.

Во текстот, каде што Ема е дел од деветте успешни жени кои ги преставува „Vogue”, магазинот бара совети од нив за своите читателки. Бидејќи се работи за исклучително моќни жени од hi-tech секторот, тие ги советуваат читателките како да успеат во бизнис и технолошката индустрија.

Ема Поповска  е од Скопје и е ко-основач на стартапот Brontech. Таа заедно со своето момче, Војдан Кардалев веќе две години живее во Австралија каде што и функционира нивниот старт-ап, а инспирација за создавањето на Brontech била нивната фасцинација од крипто-валутите.

Во продолжение Ема, нејзиниот совет кој го дава за читателките на магазинот „Vogue”: 

Промовирани огласи »

Трудете се секогаш канцеларијата да ја напуштите навреме, а еве и некои факти зошто тоа би требало да биде така. 

Клиентот е значаен, но и вашето семејство–Семејството секогаш ќе го збогати вашиот живот повеќе отколку било кој клиент, посветете им онолку време колку што заслужуваат.

Работата е процес без крај – Тоа е факт на кој мораме да се навикнеме, поради тоа престанете да се фокусирате само на еден ден или една недела и започнете да планирате кариера. Обидете се да развиете вештина за паметно управување со времето. 

Личност која останува до доцна во канцеларија не е вредна личност -  Доколку работите 10-12 часа, ве молам да погледнете што се обидувате да постигнете и да се запрашате дали тоа ви носи корист. Испланирајте го својот ден уште пред да го започнете, но не го правете тоа во 8 или 9 часот наутро кога работниот ден е веќе започнат.

Не учевте напорно за да се претворите во машини - Единствено машините, кога се добро подмачкани и на моќна енергија можат да работат 24 часа. Вие не можете, затоа направете баланс во животот. Сетете се - 8 часа сон, 8 часа работа, 8 часа за себе и фамилијата.

Ако вашиот шеф ве приморува да останете до доцна– Многу семејства се распаднале токму затоа што работата ја поставиле пред семејството. Имало и случаи со млади татковци кои си го загрозиле сопствениот живот поради стрес на работа, работејќи 16 часа дневно.

Промовирани огласи »

Небојша Матиќ е несекојдневен, особено за балкански услови, работодавец и бизнисмен, а судејќи според она што работниците го добиваат од него и што тој добива од нив, тој е и еден од најдобрите директори на светот. Својот приватен бизнис го започнал некаде во 90-те години во гаражата од неговиот татко, во Лајковац, а денес неговата компанија „Микроелектроника“ своите производи ги извезува во повеќе од 140 земји ширум светот.

За ваквите резултати Матиќ е најмногу благодарен на своите работници. На сите 86 вработени кај него, гледа како на бесценето богатство и луѓе кои во него го разбудиле најдоброто.

Оваа фирма е добра бидејќи во неа работат добри луѓе. Можеш да бидеш сопственик и директор колку сакаш, но си една обична нула без способни и грижливи работници. Суштината е во дружењето. Првиот човек на фирмата мора да се грижи за своите вработени. Јас многу ги сакам моите, заедно работиме, се смееме, се дружиме, одиме на риболов, бидејќи ако се тие задоволни, бизнисот оди напред. А кога има проблем, решение е комуникацијата, не парите, бидејќи мотивацијата се постигнува само со разговор. Заклучив дека секој од нас е луд три дена во половина година, и дека во тие денови не треба да го чепкаш, вели Матиќ.

Во „Микроелектроника“, компанија која се занимава со производство на елементи за микроконтрола кои се наоѓаат во телефоните, автомобилите, фрижидерите и слично, до скоро четири пати во годината се делеле бонуси, а работниците добиваа и 13, 14 и 15 плата.

– Сега сето тоа го променив во покачување на платата. Годишно платите растат и до 100%. Одлучив да ги “натерам” да имаат по три, па и по четири деца. Месечно им давам по 200 евра за секое трето и по 400 евра за секое четврто бебе. Тоа не е голем трошок, децата се најубавото нешто. Јас имам ќерка, а мојата жена често се шегува дека сум успеал да направам толку многу, но не и второ дете, вели Матиќ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »