Промовирани огласи »

Иако 9 недели по ред цената на горивата во Македонија расте, по последните светски случувања и наредниот понеделник можеме да очекуваме ново поскапување на цената.

Имено, цената на суровата нафта на светско ниво и натаму останува висока по еска лацијата на тензиите меѓу Украина, Русија и западот.

По вчерашниот рекорд кога барел нафта на берзата во Лондон се продаваше по над 99 долари, денеска цената и натаму останува на ниво над 96 долари за барел што гарантира дека и во иднина ќе имаме исклучително високи цени на горивата во Македонија.

Евентуална ескалација на тензиите дополнително може да ја зголеми побарувачката на нафта што дополнително ќе ја зголеми нејзината цена на берзите.

За нас во Македонија тоа значи дополнителен раст на малопродажните цени. Доколку продолжи овој тренд на забрзан раст на цената на суровата нафта на светските берзи и во текот на неделата, не се исклучува можноста од понеделник да имаме уште едно значително зголемување на малопродажните цени.

Ние и во моментов плаќаме рекордно висока цена. Литар бензин чини 84 денари за 98 октанскиот и 82 денари за 95 октанското гориво, Дизелот во моментов чини 74 денари за еден литар.

Промовирани огласи »

Србија официјално ја доби првата компанија која работи четири дена во неделата. По пробниот период кој траеше цели пет месеци, компанијата ManpowerGroup, која работи и во Србија, вчера официјално објави дека во иднина вработените ќе работат четири дена во неделата. Петти ден ќе има смени, каде вработените ќе се менуваат.

Во меѓувреме, неколку компании ја тестираа оваа можност. Резултатите покажале дека вработените станале попродуктивни бидејќи поминувале помалку време на социјалните мрежи и со неработни активности. Еден анкетиран вработен од Нов Зеланд рече дека престанал да ги гледа пораките што му ги праќала неговата сопруга бидејќи бил многу фокусиран на работата. Многу компании си го поставија прашањето: „Зошто да не платите за резултатите од работата, наместо за деновите поминати во канцеларија?“

Во текстот се потсетува дека работниците на Јавор од Ивањица, компанија која во времето на СФРЈ беше позната како еден од најголемите извозници во областа на текстилната индустрија, основана во 1948 година, добро се сеќаваат на намаленото работно време. Во осумдесетите имаа 3.700 луѓе на платен список, правеа повеќе од 10 милиони парчиња годишно… И не само тоа, го направија тоа што денес го прават многу големи светски компании – го скратија работното време и покажаа дека тоа е добар избор.

Епидемиите и искуствата ширум светот покажаа дека пократките работни недели и четиридневното работно време не значат дека работата би страдала. Напротив, практиката и истражувањата на големите компании го покажаа спротивното.

Имаме најнови примери, каде што старски и геронтолошки центри го скратиле работното време за два часа, а ја зголемиле продуктивноста за 38 отсто“, велат од компанијата.

Промовирани огласи »

Патниците кои ја користат лондонската транспортна мрежа повеќе нема да мора да носат маски за лице од 24 февруари, но препораката за нивно носење останува валидна, соопшти денеска Транспортот за Лондон (TFL).

Задолжителното носење маски за лице повеќе нема да биде услов за транспорт од 24 февруари, но на патниците и на персоналот топло ќе им се препорача да ги носат доколку се во можност, се вели во соопштението на ТФЛ, пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот во Парламентот ја објави одлуката за укинување на сите преостанати епидемиолошки мерки воведени во Англија за борба против корона вирусот.

Промовирани огласи »

Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која е основана во 2011 година со единствена цел дејствување во областа на обновливи извори на енергија главно во изведба на решенија за фотонапонски соларни централи. Инженерскиот кадар во компанијата е комплетно обучен во Германија и ги поседува сите потребни сертификати за квалитетен инженеринг, набавка и изведба на фотонапонски соларни централи.

Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која нуди можност за постојан развој и професионално усовршување на своите вработени.

Солар Спектар АГ  распишува оглас за вработување на следниве работни позиции:

ОПШТ РАБОТНИК СО ВОЗАЧКА Б КАТЕГОРИЈА

ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНИ 

ХИГИЕНИЧАР/КА 

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »