Промовирани огласи »

Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која е основана во 2011 година со единствена цел дејствување во областа на обновливи извори на енергија главно во изведба на решенија за фотонапонски соларни централи. Инженерскиот кадар во компанијата е комплетно обучен во Германија и ги поседува сите потребни сертификати за квалитетен инженеринг, набавка и изведба на фотонапонски соларни централи.

Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која нуди можност за постојан развој и професионално усовршување на своите вработени.

Солар Спектар АГ  распишува оглас за вработување на следниве работни позиции:

ОПШТ РАБОТНИК СО ВОЗАЧКА Б КАТЕГОРИЈА

ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНИ 

ХИГИЕНИЧАР/КА 

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Промовирани огласи »

Човек од Тексас кој несвесно го продал својот Bored Ape NFT за 0,01 ETH - еквивалент на околу 26 долари - го тужи OpenSea, тврдејќи дека платформата знаела за грешка што им дозволувала на хакерите да купуваат NFT за далеку пониска од пазарната цена.

Во жалбата поднесена до федералниот суд во Тексас, Тимоти Мекими тврди дека тој е вистинскиот сопственик на Bored Ape #3475 - еден од множеството од 10.000 многу посакувани примати NFT познати како Bored Ape Yacht Club. Тој тврди дека не го навел својот Bored Ape за продажба и дека NFT бил „украден“ - и дека „купувачот“ веднаш го препродал за 99 ETH (250.000 долари по денешни цени).

Тој е далеку од единствениот во оваа ситуација. Во јануари, OpenSea издаде приближно 1,8 милиони долари поврат на средствата на корисниците погодени од експлоатацијата, иако останува нејасно како точно компанијата се справува со надоместоците и ги одредува износите за враќање на парите. 

Промовирани огласи »

Со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“ Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, кои треба да овозможат нејзино покачување на 18 илјади денари.

И на денешното, како и на претходните продолженија на расправата за Предлог измените на Законот за минимална плата, можеа да се слушнат различни мислења од пратениците од партиите на власт и од опозиција.

За пратениците од владејачкото мнозинство  со ова законско решение ќе се подобри животниот стандард на околу 80 000 работници кои земаат минимална плата, а како што оценија, добро е и тоа што е променета методологијата за годишното усогласување и што минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.

Пратениците од опозицијата, пак, изразија жалење што не е прифатен нивниот амандман за скалесто зголемување на сите останати плати бидејќи инфлацијата, како што рекоа, влијае на животниот стандард на сите работници. Според нив, доколку се зголеми само минималната плата, а не и останатите плати, тогаш ќе дојде до урамниловка.

Предлог-измените на Законот за минимална плата беа доставени до Собранието откако по неколкудневни преговори на Економско-социјалниот совет на 7 февруари беше постигнат договор минималната плата да се зголеми на 18.000 денари со мартовската исплата во април. Зголемувањето на минималната плата ќе биде помогнато и од страна на државата која од Буџетот ќе одвои 16 милиони евра за плаќање на разликата во придонесите до крајот на годината.

Зголемувањето на минималната плата е барање на синдикатите, според кои, се работи за егзистенцијална потреба на работниците имајќи го предвид зголемувањето на животните трошоци и фактот што две минимални плати се малку за да се покрие минималната синдикална кошничка.

Собраниската седница продолжи со расправа по Предлог на закон за инспекциски надзор во животната средина, во прво читање.

Промовирани огласи »

МојДДВ речиси две години успешно се спроведува и дел од парите на граѓаните, со скенирање на фискални сметки, повторно се враќаат кај нив. 

Повеќе од 440 илјади корисници редовно скенираат фискални сметки и учевствуваат во проектот на УЈП „МојДДВ“. До сега, според пресметките имаме вратено околу четири милијарди денари кај граѓаните и ќе продолжиме и во иднина, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Сакам да напоменам дека имаме законски рок од 60 дена по завршување на секое тромесечје да извршиме исплата на дел од ДДВ-то, кое граѓаните го имаат скенирано преку фискалните сметки, дополни Лукаревска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »