Промовирани огласи »

Иако се случува ретко, сепак, има ситуации во кои има потреба автомобилот да биде отклучен од подалечно растојание. Од една или друга причина сигналот од дистанца откажува да стигне до приемникот дури и од десеттина метри, но има метод кој дозволува зголемување на опсегот без никакви технички подобрувања.

Ако централната брава на автомобилот не реагира колку и да притискате на копчето, едноставно допрете го клучот под брадата. Овој „народен“ рецепт може да ви звучи налудничаво, но се покажува дека работи.

Пред Thе Nеw Yоrk Timеs радиоинженерот Тим Ползар го објасни овој феномент со анатомијата на човекот. Според него течностите во главта се одличен спроводник на сигналот. Бројот минува само на отворено каде што меѓу автомобилот и растојанието нема препреки.Некои истражувања покажуваат дека со потпирање на држачот за клучот на брадата опсегот се заголемува со должина на два автомобили односно околу 8-10 метри. Вљубениците кои го испробале методот тврдат дека во нивниот случај опсегот се зголемил за двојно.

Промовирани огласи »

Ако зборуваме за помодерната историја, можеме да го поделиме светот на оној пред и после корона. Речиси сите аспекти на општеството се сменија, т.е. претрпеа одредени последици од ковид. Така е и во бизнисот, некои сектори напредуваа, некои се намалија.

Без разлика дали само планирате да се вработите или размислувате за преквалификација, бидејќи ја загубивте работата за време на пандемијата или ги преиспитавте вашите желби и потреби, обрнете внимание на тековните податоци кои се направени врз основа на експертски анализи.

Пан*емијата радикално ја промени работната средина, некои ја сменија кариерата или се збогуваа со канцеларијата засекогаш. Иако вработувањето ќе доживее побавен раст, според Бирото за статистика на трудот, во исто време побарувачката за одредени работни места ќе се зголеми.

Предвидено е 1,5 милиони работни места да бидат додадени во индустријата за храна и услуги, вклучувајки работници, готвачите и вработени во компании за брза храна, во следните девет години.

По сектори, најголем раст ќе доживеат обновливите извори на енергија, податоци и здравствена заштита, при што ќе се истакнат сервисни техничари за турбини на ветер – побарувачката за оваа категорија работници се очекува да скокне за 68,2%.

Вака изгледа листата на топ 10 најбарани занимања до 2030 година:

Сервисни техничари на ветерни турбини: годишна средна заработка 56,230 долари

Медицинска сестра: просечна годишна плата 111 680 долари

Специјалисти за инсталација на соларни панели: годишна средна заработка 46,470 долари

Статистичари: годишна просечна плата 92,270 американски долари

Асистенти физиотерапевт: годишна просечна плата 59,770 долари

Аналитичари за безбедност на информации: просечна годишна заработка 103.590 долари

Лична и домашна нега: просечна годишна заработка 27.080 долари

Менаџери за здравствени услуги: годишна просечна заработка 104.280 долари

Дата научници: годишна просечна заработка 98,230 американски долари.

Асистент лекар: годишна средна заработка 115,390 долари.

Промовирани огласи »

Цените на бензинот во Европа паднаа за 15 отсто во однос на вчерашниот ден, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Цената на мартовските фјучерси денеска падна на таа берза по значителното зголемување од претходниот ден. Мартовските фјучерси во центарот TTF се продаваат за 1.320 долари за илјада кубни метри.

По вчерашните случувања, рано наутро, цената на гасот на европската берза се зголеми за повеќе од 30 отсто за време на тргувањето и надмина 1.400 долари за илјада кубни метри. Цената на мартовските фјучерси во референтниот центар TTF во Холандија вчера достигна 1414,5 долари за илјада кубни метри.

Портпаролот на Гаспром, Сергеј Купријанов го потврди продолжувањето на транзитот на гас преку Украина за клиентите во Европа.

Повикувајќи се на податоците на украинскиот оператор за пренос на гас, Русите тврдат дека транзитот на руски гас преку украинскиот систем за пренос на гас денес расте за 20 отсто во однос на вчерашниот ден и дека резервниот капацитет на украинскиот гасовод за транспорт на руски гас до Европа денес е речиси 100 милиони кубни метри и е за 20 отсто повисока од 24 февруари.

Транзитот на рускиот гас расте од понеделникот, кога беше на ниво од околу 50 милиони кубни метри. Тоа е повеќе од половина од договорните обврски на Гаспром кон европските клиенти.

Промовирани огласи »

По сериозната економска криза која го зафати светот, се повеќе луѓе се одлучуваат за купување на половен автомобил. Доколку и вие сте еден од нив мора да внимавате на неколку работи.

Кога купувате нов автомобил, работите се прилично јасни. Но, што ако купите користен автомобил со 100.000 поминати километри? Во продолжение прочитајте на кои модели треба да целите и на кои детали да обрнете внимание!

Во обемниот тест на издржливост, германскиот Auto Bild откри кои модели се истакнуваат како најдобар избор. Ова се најсигурните модели по поминати 100.000 километри:

20. Kia Ceed 1.6 GDi – Корејскиот компактен автомобил собра помалку негативни поени од лидерот во класата VW Golf. Единствениот проблем е start-stop системот.

19. Suzuki SX4 S-Cross 1.6 DDiS – Единственото нешто што бара итна поправка е системот за навигација. Сè друго заслужува голема оцена.

18. Mercedes C 250 d (W205) 4Matic – Опремен со чувствителна технологија која до крајот на тестот не попушти. Најмногу импресионира квалитетот на материјалите во внатрешноста.

17. Mini Countryman – Единствената непланирана посета на сервисот предизвика дефект на централниот дигитален екран.

16. Hyundai Tucson 2.0 CRDi 2WD – Моторот и менувачот работат како првиот ден. При демонтажата се забележани само ситници, како дамки од ‘рѓа на каросеријата.

15. Hyundai i30 SW 1.6 CRDI – Корејскиот бренд е многу сигурен и не им создава проблеми на клиентите. Замерка има само на сметка на лошата изолација.

14. BMW X1 xDrive20i – Глатко поминати 100.000 километри, само навигацијата покажа недостатоци.

13. Ford Focus 2.0 EcoBlue – Беше во топ форма на крајот од тестот. Се појави само незабележлива површинска ‘рѓа.

12. VW Tiguan 2.0 TSI – Само при расклопување е забележана грешка: мала корозија на долниот раб на багажникот.

11. Volvo XC60 D4 – Овој SUV ја оправдува својата висока цена, моторот и понатаму е во топ форма и по 100.000 км, но Volvo треба да ја искорени ‘рѓата на шасијата.

10. Kia Sportage 2.0 CRDi AWD – Доверливост на највисоко ниво, Kia одамна престана да се истакнува само по цена и стана главен конкурент на германските модели.

9. VW Golf Sportsvan 1.4 TSI – Убедливо и без дефекти помина 100.000 км, па тестот беше продолжен за уште 50.000 км. И тој дел го помина без проблем.

8. Toyota Prius IV – Техничките компоненти не се потрошени, на каросеријата се пронајдени само мали траги од корозија.

7. Mazda CX-5 Skyactiv-D 184 AWD – го помина тестот без значителни дефекти, едвај забележлива корозија почна да се појавува под багажникот.

6. Suzuki Swift Sport 1.4 Boosterjet – Без никакви проблеми го помина тестот за издржливост, по расклопувањето беше пронајдена ‘рѓа на шасијата.

5. Audi A4 B9 Avant 2.0 TFSI – При расклопување по 100.000 км, не се забележани никакви проблеми или причини за жалба.

4. Seat Ateca 1.4 Eco TSI – По подолги патувања, неколку возачи се пожалиле на болки во грбот, инаку се работи за беспрекорен автомобил.

3. Audi A6 Avant 2.0 TDI – По речиси 115.000 километри, освен паркинг сензорот, не е забележан дефект.

2. BMW Z4 – Без никакви компликации го помина тестот за издржливост на 100.000 км.

1. Audi A3 Sportback 1.4 TFSI – Без дефект, без оштетување. Завршната проверка по расклопувањето не откри никакви проблеми.

Извор: Кајгана

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »