Од утре нема веќе замрзнати цени – туку намалена заработувачка за трговците. Сепак тоа нема да го спречи растот на цените. Пекарската индустрија иако јавно не потврди сепак според информациите на Канал 5, веќе ги стокмиле новите ценовници и лебот од утре ќе се продава со цена повисока за 5 денари. За други производи засега нема најава дека ќе поскапат.
Но, од кризата и намалените маржи најголем удар ќе претрпат овошјето и зеленчукот. Трговците кои имаат магацини на Кванташкиот пазар се заканија со протести. Велат маркетите веќе им ги откажуваат набавките поради мерката и робата им стои во магацините. Доколку државата не ја укине, најавуваат и порадикални чекори.
Овие штрајкови ќе траат се додека не се промени одлуката и за два три дена доколку нема мерки министерството, ние ќе преземеме и радикални чекори. Камионите со се скапаната роба ќе ги однесеме пред Влада па тие да видат што ќе им прават. Затоа што нема да ја земе никој, ни се јавија маркетите и фирмите дека ќе ја прекинат набавката. За контењер ќе биде робата се. изјави Џемаил Садики, Кванташки.
Министерот за економија Крешник Бектеши викендов на средба ги покани претседателите на трите најголеми комори, но состанок немаше. Од економија велат дека средбата најверојатно ќе биде во текот на неделава.