Промовирани огласи »

Сопствениците на автомобили и моторцикли во Хрватска од 2017 година, ќе плаќаат данок на патнички моторни возила при продолжување на регистрацијата во станиците за технички преглед.

Односно, исто како сега што не можат да ја продолжат регистрацијата на автомобили или моторцикли без плаќање на патарина, така од идната година нема да може да се продолжи додека не платат данок, пишуваат хрватските медиуми.

Промовирани огласи »

Европската централна банка ќе испечати најмалку 780 милијарди евра до крајот на 2017 година за да му помогне на стопанството. 

Ако ситуацијата не се промени во 2017 година ќе бидат „вбризгани“ свежи пари. 

Оваа одлука е изненадување на финансиските пазари. 

Европската централна банка веќе вложи многу пари за поттикнување на скромен економски раст и инфлаторен резултат. 

Растот во еврозоната не е на завидно ниво. Овие податоци ги збунија берзите. 

До март 2017 година ќе се „вбризгуваат“ свежи пари до корисниците во висина од 80 милијарди евра месечно. 

Промовирани огласи »

“Битката” помеѓу Coca-Cola и  Pepsi штотуку ги доведе двата големи бренда на заедничко рамниште. Фановите на двата бренда се сосема различни во однос на образование и политичка насоченост, но двата бренда имаат поголем дел постари фанови во согласност со податоците од најновото истражување на е-комерц и провајдерот за потрошувачка аналитика Connexity.

Најбројната публика на Coca- Cola е  возрасната група на лица кои се наоѓаат на  35-44 годишна возраст, додека пак на Pepsi од 65 години па нагоре, а двата бренда бележат најслаба застапеност во демографската група од 18 до 24- годишна возраст.

Coca-cola и Pepsi своите портфолиа ги проширија и промовираа помали пакувања во големина со цел да ја привлечат помладата публика која пие помалку газирани сокови денес.  Меѓутоа двата бренда потребно е да работат подобро во однос на таргетирањето на возрасната група од млади на возраст од 18-24 години изјави
Rochelle Bailis, директор за соддржина во Connexity.

80% од потрошувачите мислат дека брендовите не ги разбираат на индивидуално ниво

“Coca-Cola има тенденција да привлече помлада целна група за разлика од  Pepsi, но и двата бренда не успеваат да стигнат до млади консументи. Младата целна група станува свесна за своето здравје па затоа двата бренда сега остануваат во рацете на миленијалците.

Погледнете ја податочната анализа од испитувањето на   Connexity во однос на податоци за демографијата на двата бренда

Pepsi покажува подобри индексни податоци за популарност кај Демократите за 12%, а пониски индекси кај Конзервативците за 16% и Ултра Конзервативците за 11%. Coca- Cola води кај Републикаците за 21% и Ултра Конзервативците за 10% додека пак заостанува зад конкурентот кај Конзервативните Демократи за 11%.
Лицата кои пијат Coca-Cola се насочени кон добивање барем на универзитетска диплома, додека пак публиката на Pepsi диплома од средно училиште.
Целната група на Pepsi поверојатно е дека икма понизок приход: потрошувачите на Pepsi 28 % повеќе е поверојатно да заработуваат помалку од $20,000 годишно (за разлика од просечниот граѓанин), додека пак потрошувачите на Coke customers 20% помалку од конкурентот е веројатно дека ќе имаат приход помал од $20,000 на годишно ниво.
Потрошувачите на Pepsi 16% повеќе е веројатно во однос на просечниот човек дека се “зависници од ТВ’’ повеќе за разлика од потрошувачите на Coca-Cola.

Промовирани огласи »

Што современите работодавци бараат од својот работник е прашање на кое одговор се обиде да даде Аријана Хафингтон, извршна директорка на „Thrive Global”на годишна конференција на Бизнис инсајдер. 

Една од особините е да има храброст да зборува. 

Сакам да работам со луѓе кои точно кажуваат што им е на ум“ - кажа таа. 

Другата особина вели дека е да знаат да се грижат за себе. 

Мислам дека треба да постои личност која може тоа да го препознае, кога можат да се грижат за себе, уште подобри ќе бидат на работа“ - додава Хафингтон. 

Вели дека иако овие особини звучат банално, сепак се многу важни. 

Објаснува дека многу луѓе не се способни сами за себе да се грижат, па се потпираат на родители, пријатели, роднини. 

Таа издала и книга со ваков тип на содржина, во која пишува дека оној кој сака да успее, мора помалку да спие и да биде посветен на работата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »