Промовирани огласи »

Како да им покажете на вашите вработени дека се грижите за нив? Слободно упатете им некој убав збор. Истражувањата покажуваат дека комплиментите навистина влијаат на ефикасноста на работењето. Воспоставувањето на позитивна организациска култура, во која вработените и менаџерите се поддржуваат еден со друг, треба да биде врвен приоритет за организациите. Изразувањето пофалби и благодарност е особено важно за одржување на моралот. Благодарноста прави луѓето да се чувствуваат ценети, а се покажа дека позитивните повратни информации ги ублажуваат негативните ефекти од стресот врз перформансите на вработените.  Невронаучниците дури покажаа дека мозокот ги обработува вербалните информации слично како и финансиските награди. 

Поттикнете го личниот развој

Развивањето и негувањето на талентот кај секого буди позитивни емоции. Со тоа луѓето се чувствуваат инспирирани, расположени за работа и што е најважно, полни со елан. Имајте на ум дека вложувањето во луѓето секогаш дава подобри резулатати од вложувањето во било каква технологија.

Чувство на припадност

Да се биде дел од силна заедница е исто така многу важно. Секој вработен сака да биде горд на своето работно место. Затоа менаџерите треба да создадат таква работна атмосфера каде што вработениот ќе се идентификува со филозофијата на компанијата. Работното место треба да биде квалитетно, да ги нуди сите важни содржини. Позитивните вибрации во канцеларијата, позитивно влијаат на работата.

Праведност

Секој вработен е подеднакво важен и дава свој конкретен придонес за компанијата. Почитувањето е силна мотивација за вработените. Ако вработните се мотивирани, доаѓањето на работа ќе им претставува задоволство. Сепак треба да внимавате на една работа, не се сите вработени исти. Некои работат добро под притисок, други сакаат поголема слобода, трети се поттикнати кога работат во тим… Најдобро е за секоја категорија да се пронајде тоа што ги мотивира. Секој работник е свесен за своите добри страни, затоа менаџерите треба паметно да ги искористат нивните таленти, а притоа да останат праведни.

Промовирани огласи »

Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари, одлучи доцна вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 отсто, пишува МИА.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 94 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  и ќе изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот во просек за 8,971 отсто и кај дизелот за 16,811 отсто, како и  за околу 1,078 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Кариера.мк разговараше со Катерина Митровска, HR manager на Аgile Pro Solutions, американска компанија која на македонскиот пазар постои веќе 2 години, го редефинира класичниот пристап на аутсорсинг и нуди поекономично решение за растечките бизниси. Таа за KARIERA.mk, го сподели нејзиното искуство како HR професионалец, процесот на регрутирање на многу млади луѓе, меѓу нив и млади таленти. Исто така Ве поканува на отворен ден на 16ти март да го запознаете тимот на APS и да ги зголемете вашите можности за започнување на меѓународна кариера.

Во прилог погледнете го видео интервјуто:

Промовирани огласи »

Разликата за посмртнина што им се намалени на пензионерите од солидарниот фонд ќе им бидат дополнително вратени на семејствата кога фондот ќе се стабилизира, а одлуката била само привремена.

Солидарната исплата за закоп на починат пензионер се намали од 30.000 на 25.000 денари, но од Одборот на регистрирана организација за солидарен фонд и членарина. велат дека парите за посмртнина не се трајно намалени и според одлуката, семејствата на починатите ќе ги добијат во јули доколку во меѓувреме не дојде до промена на времената мерка.

Обемот на тие средства зависи од акумулираните средства и од бројот на починати корисници на пензија. Имено, до пандемијата умираа околу 1.200 корисници на пензија просечно месечно, а сега за време на пандемијата месечно умираат над 1.800 корисници на пензија. Со тоа се зголеми бројот на примателите на посмртна помош и времето на чекање на исплата на отпремнината. 

Со цел да се помогне на примателите да се намали времето на чекање, одборот донесе времена одлука да им помогне на семејствата и да им се исплати најголем дел од отпремината од 25.000 денари, а 5.000 денари, дополнително ќе почнат да се исплатуваат со исплатата на јулската пензија, по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства.  Според тоа, не е вистина дека е намалена посмртната помош од 30.000 денари  на 25.000 денари трајно, што непотребно создаде немир и забуна меѓу пензионерите – велат од Одборот.

Од Министерството за труд и социјална политика пак информираат дека намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. 

Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова.​Министерството за труд и социјална политика, нема надлежност во однос на условите за членување во здружение на пензионери, финансирање, начинот на распределба на средствата и контрола во финансиското работење на здруженијата на пензионери. Пензиите се покачени како што беше објавено од Буџет со кој располага ПИОМ без кратење од други ставки од било каде во буџетот на државата. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е институција која само е сервис на корисниците на пензија, кој врши задршка на утврдениот износ на средства од страна на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и врши исплата на средства од посебниот фонд, се вели во соопштението.

Дел од здруженијата на пензионерите реагираа дека не биле информирани навреме за одлуката и револтирани заради намалувањето на надоместокот. 

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »