Промовирани огласи »

Владата денеска го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од ковид-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно шест месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Владата на денешната седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од ковид-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Согласно овие предлози, Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување ковид-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на ковид-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови, соопшти владината прес- служба.

Владата денеска го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од ковид-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно шест месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.

Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен ковид-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.

 
 

Промовирани огласи »

Време е за вашата прва потрга по работа? Треба да напишете биографија, што може да претставува тешка задача ако немате реално работно искуство. Не знаете од каде да започнете, што да вклучите или кој формат на биографија да користите. Згора на тоа, повеќето совети што ги наоѓате на интернет не се релевантни бидејќи се фокусираат на нагласување на професионалната позадина.

3 секции за замена на работното искуство 

Откако ќе ги наведете вашите лични податоци и образование време е да ја пополните празнината во работното искуство во вашата биографија. Еве три секции што можете да ги користите наместо тоа:

1) Практикантска работа

Дали сте биле на пракса која е релевантна за позицијата за која аплицирате? Сега е време да се спомене.

2) Волонтирање

Волонтирањето покажува посветеност и страст за учење. Нема ништо поважно од посветен вработен.

Без разлика дали го поминувате слободното време правејќи апликација или помагајќи во некоја канцеларија, можете да го споменете во вашата биографија!

3) Проекти на кои сте работеле

Во овој дел, можете да додадете какви било релевантни проекти од кои сте биле дел за време на вашето време на училиште или на стажирање.

Вашата дипломска теза, магистерски труд, објавена статија или истражувачки проект може да го спомнете овде.

Промовирани огласи »

Менка Стојаноска и Билјана Денчовска се супер жените на Скопје. Како дел од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, тие со своите животни приказни ги рушат стереотипите! 

Хумани и храбри, жени вредни за почит, докажуваат кога ќе се пристапи со љубов и посветеност кон својата професија, не постојат бариери кои не можат да се надминат.

Билјана Денчовска е првата жена пожарникарка во Скопје и цела Македонија, на што вели дека е особено горда. 

Професијата е хумана, и особено ризична. Станува збор за спасување на човечки животи, материјални добра..Јас тоа го сакам и го работам со љубов, рамо до рамо со моите колеги, вели Денчовска. 

Беше многу случајно, ми дојде идеја дека сакам и можам да бидам пожарникарка, се пријавив, ги поминав физичките барања. Сакав да биде хумана професија, да придонесувам за доброто на луѓето, вели Стојановска.

Промовирани огласи »

Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци.

Инјекцијата е одобрена од Британската здравствена служба (НХС), и е наречена „Liraglutide” (а позната и како „Саксенда“). Заинтересираните ќе треба да се пријават и за брза интернет-консултација. Инјекцијата го имитира хормонот ГЛП-1 за ситост.

„Liraglutide” е лек за слабеење кој прави да се чувствувате сити или помалку гладни. Се зема како инјекција еднаш дневно. Вашиот лекар или медицинска сестра ќе Ви покажат како да го земате лекот“, се наведува на интернет-страницата на НХС.

Здравствени стручњаци нагласуваат дека инјекцијата сепак не е чудесен лек за слабеење и треба да се комбинира со диета за да се постигне какво било губење на тежината. НХС посочува дека „Liraglutide” е погоден за возрасни помлади од 75 години и треба да го избегнуваат бремени жени и доилки, како и оние со проблеми со црниот дроб и бубрезите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »