Промовирани огласи »

Менка Стојаноска и Билјана Денчовска се супер жените на Скопје. Како дел од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, тие со своите животни приказни ги рушат стереотипите! 

Хумани и храбри, жени вредни за почит, докажуваат кога ќе се пристапи со љубов и посветеност кон својата професија, не постојат бариери кои не можат да се надминат.

Билјана Денчовска е првата жена пожарникарка во Скопје и цела Македонија, на што вели дека е особено горда. 

Професијата е хумана, и особено ризична. Станува збор за спасување на човечки животи, материјални добра..Јас тоа го сакам и го работам со љубов, рамо до рамо со моите колеги, вели Денчовска. 

Беше многу случајно, ми дојде идеја дека сакам и можам да бидам пожарникарка, се пријавив, ги поминав физичките барања. Сакав да биде хумана професија, да придонесувам за доброто на луѓето, вели Стојановска.

Промовирани огласи »

Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци.

Инјекцијата е одобрена од Британската здравствена служба (НХС), и е наречена „Liraglutide” (а позната и како „Саксенда“). Заинтересираните ќе треба да се пријават и за брза интернет-консултација. Инјекцијата го имитира хормонот ГЛП-1 за ситост.

„Liraglutide” е лек за слабеење кој прави да се чувствувате сити или помалку гладни. Се зема како инјекција еднаш дневно. Вашиот лекар или медицинска сестра ќе Ви покажат како да го земате лекот“, се наведува на интернет-страницата на НХС.

Здравствени стручњаци нагласуваат дека инјекцијата сепак не е чудесен лек за слабеење и треба да се комбинира со диета за да се постигне какво било губење на тежината. НХС посочува дека „Liraglutide” е погоден за возрасни помлади од 75 години и треба да го избегнуваат бремени жени и доилки, како и оние со проблеми со црниот дроб и бубрезите.

Промовирани огласи »

Просечната месечна пензија на крајот на минатата година изнесуваше 15.876 денари, а на крајот на 2022 година проекциите се дека ќе биде околу 17.300 денари, порача премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Станка Трајкова.

Минатата недела преку отворен дијалог со пензионерите обезбедивме континуиран раст на пензиите, а со тоа и на нивниот животен стандард и квалитетот на живот. Го прифативме моделот на Сојузот на здруженија на пензионерите што го предложија како нова методологија за континуиран раст на пензиите. Она што го ветивме низ дијалогот со пензионерите го реализираме во најбрз можен рок и ќе почне да се применува со септемвриската пензија. За тоа говорат и делата, а денеска слушнав и други конструктивни предлози кои се од интерес на пензионерите и ќе бидат разгледани со ресорните министерства, рече Ковачевски по средбата.

Новата методологија, како што кажа, ќе овозможи пораст на пензиите и во наредните години без никакви влијанија.

-Соработката со Сојузот на здруженија на пензионерите и со сите релевантни општествени чинители за нас како Влада е од голема важност, бидејќи заедно во консултации со нив ги носиме одлуките. Таквите одлуки секогаш се многу подобри отколку кога се носат еднострано, потенцира Ковачевски.

Трите илјади денари директна финансиска помош за речиси 330 илјади пензионери од по 1.000 денари со мартовската, априлската и пензијата во мај, како што кажа, ќе се исплаќаат од Пензискиот фонд кој е во добра кондиција.  Порача дека во 2022 година заедно со финансиската помош пензионерите во просек годишно ќе имаат повеќе по околу 12.000 денари во споредба со 2021 година.

Во март и во септември во иднина ќе се прави новото усогласување на пензиите зашто Државниот завод за статистика тогаш ги обвјавува официјалните податоци за растот на просечната плата, рече Ковачевски и додаде дека Владата веднаш ќе почне се примена на новата метода, а пензионерите своите покачени пензии ќе ги добијат од септември годинава.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Трајкова посочи дека пензионерите денеска имаа можност премиерот на државата непосредно да им ја објасни новата методологија за усогласување на пензиите, а тие побараа од него да бидат решени повеќе прашања и проблеми со кои се соочуваат лицата од третото доба од доменот на здравственото осигурување, социјалното домување, пензионерските и старечките домови.

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија речиси една година даваше свои предлози да се промени формулата за усогласување на пензиите и после две работни средби епилогот е позитивен – пензиите како системско и законско решение ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа со 50 отсто од порастот на платите на сите вработени и со 50 отсто од порастот на трошоците на животот, истакна Трајкова.

Нагласи дека новото методолошко решение ќе биде преточено во закон што, како што рече, ќе претставува голема првна сигурност за корисниците на пензија.

Тоа значи дека за пензиите нема да се одлучува со акт на било која влада, туку со закон кој нуди здраво и непристрасно решение, потенцира Трајкова.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво.

Ова се новите цени: 

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

Регулаторната комисија денешното поскапување го објави со задоцнување од повеќе од шест часа и наместо напладне, како обично, новите цени ги соопшти по 18 часот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »