Промовирани огласи »

Владата предлага закон со кој ќе се озвоможи декларативна промена на полот. Нацртот кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собрание го содржи знамето на ЕУ. Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се овозможуваат истополови бракови и со различен пол (во законска смисла).

Закон за матична евиденција, член 1-а, точка 8

Родов идентитет “– претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.

Со предложените одредби се олеснува постапката со тоа што се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на нотар.

Закон за матична евиденција, член 19-в

Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање.

Од Алијанса за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го поддржат законот

Целиот текст прочитајте го на Алсат со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Понекогаш има потреба да се провери брзината на Интернет, можеби само од љубопитност или под сомнение за нејзино опаѓање заради вина на давателот на услугата. За вакви случаи, постојат многу различни страници кои нудат толку потребна функција. 

Speedtest.net е услуга која има оригинален интерфејс, и покрај проверка на брзината, исто така обезбедува и дополнителни информации.

Одете во услугата Speedtest.net. На страницата што се отвора, кликнете на копчето „GO “ да започне со тестирање. Покрај индикаторите за брзина, ќе го видите и името на вашиот провајдер, IP адресата и името на хостинг. Целиот процес треба да трае помалку од една минута, а вие гледате како се одвива во реално време.

Промовирани огласи »

РКЕ вечерва соопшти дека дизелот поевтинува за 3 ,а бензините за 2 денари по литар.

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,228 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,521 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,573 отсто и кај дизелот за 5,345 отсто, како и за околу 0,182 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5  проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора од денеска мора да ги прилагодат фискалните апарати.

Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати, велат од УЈП.

Оваа одлука ќе се спроведува од денеска, 17 март, и ќе трае до 31 мај 2022 година.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »